Модата како да станува поразиграна и покреативна. Изгледа дека мотото за 2019-та година ќе биде колку похрабро, толку подобро. Во зависност од моделите што се појавија на модните ревии на познатите брендови, погледнете кои видови чевли ќе доминираат во новата година.rn
Морски детали
rn
rnrnСите видови чевли за оваа година се украсени со мали морски детали како школки и морски ѕвезди. Овој дезен ќе го сретнете на сандали, чевли со високи потпетици и влечки.rn
Панделки
rn
rnrnМожеби најслаткиот тренд за оваа година ќе бидат панделките на обувките. Без разлика дали ќе одберете панделка на задниот дел или напред, ќе го направите вистинскиот избор.rn
Принтови
rn
rnrnЧевлите со шарени принтови доминираа на модните писти. Овој тренд ќе биде популарен бидејќи одговара на секој вид чевли – од патики, до чевли со високи потпетици.rn
Пердуви
rn
rnrnНајгламурозниот тренд на листава се дефинитивно чевлите украсени со пердуви. Иако рамните чевли беа популарни, шоуто на модните писти го освоија високите чевли со пердуви.rn
ПВЦ
rn
rnrn2000-тите повторно се враќаат со ПВЦ чевлите. Провидните обувки се појавија на многу модни ревии за колекции за 2019-та година, па подгответе ги стапалата за нив.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
