Секоја жена која имала барем една прилика да се прошета по улиците на Големото јаболко и да ја доживее атмосферата на Њујорк, оттаму се вратила комплетно маѓепсана со желба повторно да се врати. За тоа секако придонесува неверојатниот амбиент и атмосферата која владее на улиците на оваа неверојатна метропола, но и неверојатната модна трага која њујорчанките, а и њујорчаните, ја оставаат на секој кој ја сака и ја познава модата. Затоа ние денес ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат да се облекувате како вистинска њујорчанка.rnrn
rn
1. Носете кожна јакна во текот на целата година
rnБез разлика дали живеат во предградието или во центарот на Њујорк, девојките во Големото јаболко ја сметаат кожната јакна како неизоставен дел од својот стил. Затоа тие кожната јакна ја носат во текот на целата година, бидејќи сметаат дека станува збор за парче кое може да ви даде доза на ризик во секој изглед и да ве издвои од останатите.rnrn
rn
2. Црната е нова црна
rnМногу бои доаѓаат и заминуваат од улиците на Њујорк, но една останува засекогаш – црната! Зошто? Бидејќи со оваа боја никогаш не можете да погрешите. Зад црната доаѓаат тегетот, сивата и другите неутрални бои.rnrn
rn
3. Избирајте шик обувки
rnДоколку сакате да се облекувате како њујорчанка, никогаш, ама баш никогаш, не заборавајте да облечете шик обувки, бидејќи тие се есенцијално дневно парче во гардероберот на секоја жена.rnrn
rn
4. „Ит“ чантата е задолжителна
rnЊујорчанките никогаш нема да ги видите без стилска чанта, без разлика од кој бренд е таа. Едноставно, стилската чанта е „ит“ парче за секоја жена.rnrn
rn
5. Носете аксесоари
rnДоколку сакате вашиот стил да зборува наместо вас, тогаш никако не ги изоставајте аксесоарите. Најдобриот избор кој можете да го направите е впечатливиот накит, па за оваа сезона набавете го во што поголем број.rnrn
rn
6. Дамски очила за сонце
rnБез разлика дали е сончев или облачен ден, њујорчанките не излегуваат од домот без очила за сонце. Овие денови на улиците на Големото јаболко се атрактивни ретро моделите, па за да изгледате како една од нив, водете сметка какви очила за сонце ќе носите периодов.rnrn