Постојат детали што не мора да бидат видливи за да гоодредат впечатокот што го оставаме. Мирисот е еден од нив– тивок, личен и често нераскинливо поврзан со начинот накој се чувствуваме и се претставуваме. Модата и парфемотна свој начин се надополнуваат токму тука – едното гообликува она што го гледаме, другото остава трага што не сегледа, но се памети.
Во таа природна симбиоза меѓу модата и мирисот сепојавува Max Mara Le Parfum, новиот Eau de Parfum за жени, инспириран од еден од најпрепознатливите симболи набрендот – легендарното Max Mara палто. Неговатаелеганција е преточена во сензуален дрвенесто-цветенмирис, замислен како „вашето невидливо палто“ –дискретен, но препознатлив дел од личниот стил.

Max Mara Le Parfum ја отвора својата композиција сотубероза, преку комбинација на кремастиот апсолут одГватемала и свежината на туберозата од Грас. Во срцетодоаѓаат ноти на ванила, додека базата ја сочинуваатсандалово и кедрово дрво од природно потекло, кои мудаваат топлина и подлабок, современ карактер.
И шишето ја следи истата приказна. Неговатаскулптурална форма е инспирирана од силуетата налегендарното палто на Max Mara, додека врзаниот ремени златното копче се претворени во детали на дизајнот, надополнети со препознатливата камел нијанса на Max Mara.
Покрај изгледот, внимание е посветено и на практичноста – шишето е дизајнирано за повторно полнење, со што е замислено да остане дел од колекцијата подолго време.

Eau de Parfum е создаден со висококвалитетни состојки, одкои 90% се од природно потекло, а формулата е веганска и долготрајна.
За целосно мирисно доживување, линијата е надополнета соMax Mara Le Parfum Body Lotion, кој може да се користипред нанесувањето на Eau de Parfum на пулсните точки и дапридонесе за поинтензивна и подолготрајна мирисна трага.

Max Mara Le Parfum така ја продолжува приказната запрепознатливиот стил на брендот – овојпат преку мирис кој, исто како добро избраното палто, останува личен потпис.


