КАФЕ ПАУЗА

10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнер

Зборуваме за љубов, почит и разбирање до крајот на животот. Ова се најважни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот/ата сопруг/а.rnrn10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнерrnrn

Искреност

rnВашиот животен сопатник мора да биде отворен и искрен со вас, но и кон самиот себе. Треба да знае кој е, кои му се јаките и слабите страни, какви ограничувања има во животот и кои препреки може да ги помине.rnrnИскреноста е секогаш најдобра опција. Не можете да планирате иднина со човек кој е склон кон криење на вистината поради која било причина.rn

Да знае да ви биде потпора

rnБракот е единство на двајца кои совршено се надополнуваат, ги делат своите обврски и задолженија и знаат да си бидат потпора еден на друг и во тешки и во лесни времиња. Може ли да му верувате на вашиот партнер? Колку често си ги исполнува ветувањата и обврските?rnrn10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнерrnrn

Љубезност

rnНе би поверувале колку е ретка љубезноста како особина и баш затоа е карактеристика која треба да ја барате во вашиот партнер. Тој/таа треба да биде трпелив и љубезен како кон останатите така и кон вас.rn

Моногамија

rnЗошто би стапиле во брак со личност која смета дека не треба да остане со еден партнер до крајот на животот? Дали би можеле да го/ја промените некогаш или пак да се носите со нејзините неверства? Оној кој не смета дека бракот е единство на двајца, а не на повеќе личности, со сигурност не знае да го вреднува ни бракот а ни вам.rnrn10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнерrnrn

Слични гледишта во животот

rnДа, вие не го губите идентитетот со влегувањето во брак и правилно е да стоите на своите ставови, но што се случува кога ни една страна не знае да направи компромис? Што ако имате сосем различни гледишта и очекувања во животот? Ако тој сака 5 деца а вие ни едно, тогаш можеби би требало да размислите подобро пред да речете „да“.rn

Сексуална привлечност

rnСексуалната привлечност е важна. Вие ќе бидете заедно до крајот на животот, па треба да бидете задоволни и на сексуален план. Да, постојат секакви периоди во животот, но доколку таа хемија воопшто не постои тогаш речиси се невозможни шансите да се појави во иднина.rnrn10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнерrnrn

Смисла за хумор

rnЖивотот има подеми и падови и во тешките моменти ќе ви треба личност која ќе знае да се пошегува и да ве насмее. Кога ќе имате тежок ден не ви треба некој кој ќе ве потсети колку животот е комплициран, туку колку е убав и дека вреди да се живее.rn

Добар однос со деца

rnКако се однесува со децата на вашите пријатели или роднини? Колку е толерантен/на и колку има трпение? Доколку сакате да имате деца во иднина, со сигурност треба да размислите каков родител би бил вашиот партнер.rnrn10 важни карактеристики кои треба да ги барате кај вашиот животен партнерrnrn

Семејни вредности

rnКолку го вреднува семејството? Колку би ве вреднувал вам како негов/а сопруг/а? Го памети ли роденденот на неговата мајка, колку често му се јавува на својот дедо или татко? Ако не го вреднува семејството како во иднина би го вреднувал она што сте го создале заедно?rn

Почит

rnЉубовта и почитта се поврзани и не одат една без друга. Ако вашиот партнер не знае да го цени вашето мислење, не знае да ве поддржи и помогне кога ви е тешко, тогаш со сигурност не е „материјал“ за брак. Вие треба да бидете на исто рамниште. Тогаш кога ќе почувствувате дека се поставува супериорен/на и не ве почитува како личност, може да запишете кога и последната искра љубов и почит згаснала.rnrn
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.