Доколку оваа сезона во работната, секојдневната или во некоја друга варијанта облечете мини здолниште, ќе го направите најдобриот моден избор. Токму мини здолништето е дневното парче кое на улиците на светските метрополи го облекоа многу трендсетерки, чиј стил служи како наша инспирација. Па затоа, погледнете на кои начини можете да го искомбинирате мини здолништето оваа сезона и „украдете“ некои од највпечатливите трикови.rnrn
rnrnЦрното кожно мини здолниште е идеално за комбинирање со дневни парчиња со различни кроеви и бои, а ние ви предлагаме да го облечете со интересен, разнобоен џемпер и плитки чизми од превртена кожа.rnrn
rnrnКомбинацијата на крем и кафеава варијанта секогаш претставува совршен избор. Токму оваа дневна комбинација е идеална за вашиот работен стил, па не пропуштајте да ја испробате оваа сезона.rnrn
rnrnЗошто оваа сезона мини здолништето не би го облекле со интересент XXL џемпер, исто како што тоа го направи Кјара Ферањи?rnrn
rnrnМини здолништето со висок струк во интересна комбинација од бои, одлично би стоело со темно жолта ролка и длабоки кафеави чизми. Направете ваква комбинација оваа сезона во работна или во која било друга варијанта и дефинитивно нема да погрешите.rnrn
rnrnИдеална кежул варијанта за оваа сезона е токму комбинацијата на мини здолниште, удобен џемпер и стилски рамни чизми.rnrn
rnrnУште една одлична работна варијанта која го привлече нашето внимание е токму оваа комбинација: блејзер со два реда копчиња, мини здолниште со А крој и класични аксесоари.rnrn
rnrnБидете забележани на секој чекор, а најдобар начин за да го постигнете тоа е оваа сезона да направите една ваква дневна модна комбинација. Ние се заљубивме во овој модел на мини здолниште, а вие?rnrn
Мини здолништата не ја напуштат сцената: Еве како да ги носите оваа сезона!
