Скапите средства за чистење не се секогаш неопходни. Понекогаш доволни се и некои работи кои веќе ги имате дома и се многу поевтини.rnrn
rn
Сода бикарбона
rnСода бикарбоната има абразивни својства кои можат да бидат од голема помош во борбата со нечистотијата на металните површини кои бара повеќе стругање. Исто така, можете да ставите малку сода во затнат одвод, а кога ќе додадете и врела вода таа ќе почне сама да работи на одзатнувањето. На крај, може да ја искористите и за чистење на прозорците. Неколку лажичиња сода помешани со малку вода можат многу ефикасно да се изборат со маснотиите и другите нечистотии кои остануваат на стаклото.rn
Алкохолен оцет
rnНема нешто во домот што не можете да го дезинфицирате со алкохолен оцет – од штицата за сечење, преку садовите, па сè до ВЦ школката. Мешавина од него и вода во сооднос 1:2 е најевтиниот начин да се справите со маснотиите кои не сакаат да излезат од садовите во кои готвите или бигорот.rn
Маслиново масло
rnМаслиновото масло може да ги светне вашата кожа и коса, но и мебелот во домот. Ставете малку од него на крпа и искористете го како замена за скапите хемиски средства. Можете да ги пребришете сите дрвени површини од столиците и комодата, до креветот и паркетот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.