Речиси на сите им се има случено да им се затнат ушите од водата и сите го знаеме стариот трик со скокање на едната нога. Но, ако тоа не ви помогне, испробајте некој од наведените трикови.rnrn
rn
1. Џвакајте или преправајте се дека џвакате
rnКоските на вилицата се наоѓаат во близина на увото и помагаат ако правите движење како да џвакате храна. Јадете нешто, ставете гума за џвакање во устата или само импровизирајте. Во исто време, навалете ја главата надолу од страната на увото што не ви е затнато и свртете го нагло на другата страна.rn
2. Создајте вакуум во увото
rnСтавете го увото на дланката, а потоа притиснете ја дланката внатре-надвор. Ова ќе создаде мал вакуум за да се извлече водата од увото. Вакуумот може да се направи и со прст. Наведнете го увото надолу, турнете го прстот во него и брзо извлечете го.rnrnПовторувајте додека не излезе водата. Прстот мора да биде чист. Обидете се и со масирање на увото во насока на стрелките на часовникот.rn
3. Исушете го увото со топол воздух
rnАко не сте успеале да го одзатнете увото додека сте на плажа, кога ќе се вратите дома, решете го проблемот со фен за коса. Држете го фенот на растојание од 30 цм од увото, а топлиот воздух ќе го поттикне испарувањето на водата од увото.rnrnПрочитајте што ќе се случи со вашето тело ако носите слушалки премногу долго.