Медот денес е многу повеќе од засладувач во чај. Модерните гурмани знаат дека употребата на медот во современата кујна е сè позастапена и шаренолика. Во комбинација со сирење и модар патлиџан, месо и риба, медот е додаток кој ако досега не сте го употребувале, време е да почнете. Погледнете неколку идеи како да го употребите медот во кујната:rn
Грашок и шумски мед
rnСалата со млад грашок, рен и шумски мед.rn
Пржен модар патлиџан со багремов мед
rnПржените кришки модар патлиџан се толку вкусни и претставуваат одлична заскуска. Во комбинација со багремовиот мед, може да бидат одличен избор за необичен ручек.rn
Мувлосано (сино) сирење со мед од костен
rnБогатиот вкус на синото сирење одлично ќе се надополни со вкусот на медот од костен.rn
Фуа-гра (џигер од патка) со мед од лаванда
rnДва француски специјалитети кои дефинитивно одат едно со друго. Уникатниот вкус на џигерот од патка го ублажува слаткастиот вкус на медот од лаванда.rn
Чедар кашкавал со мед од липа
rnСилниот вкус на кашкавалот одлично се надополнува со мекиот и нежен вкус на медот од липа.rn
Стапчиња јагнешко со овошен мед
rnМесо и мед е неодолива комбинација, а со овошниот мед се добива неверојатен вкус.rn
Козјо сирење со мед од костен
rnМедот и сирењето прават моќна двојка. Овие два производи секогаш одат во пар.rn
Скуша со планински мед
rnСилниот вкус на мрсната риба скуша, зачинета со сос од лимонов сок, соја сос и планински мед е одлична комбинација за незаборавен ручек.
Покрај во кујната, медот можете да го употребите и како козметичко средство за разубавување и лекување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

