КАФЕ ПАУЗА

Мали зборови со големо значење

Мали зборови со големо значење

Зборовите понекогаш имаат поголема тежина одошто сме свесни. Тие влијаат на нашите мисли, чувства, дела и на општата состојба на умот. Дури и малите зборови имаат големо значење.rnrnМожеби сакате да се покажете на интервјуто за вашата работа од соништата, да го зацврстите вашето пријателство, да си ја спасите врската или бракот или, пак, да ги мотивирате вработените што се хиерархиски под вас. Во секој случај, зборовите можат да направат разлика. Тие имаат моќ да не повредат или да не „излечат“, да не инспирираат или да не обесхрабрат, да ни помогнат или да не уназадат.rnrnЕве 18 примери на мали зборови со големо значење, во позитивна смисла:rn

1. Ти благодарам

rnСекој сака да биде ценет, па два збора кои ќе покажат благодарност, можат да направат нечие срце да запее од среќа. „Ти благодарам“, „те ценам“, „благодарен/на сум ти“… се вистинска храна за душата.rn

2. Ти простувам

rnСите знаеме да оплескаме понекогаш. За жал, може да ги повредиме пријателите, колегите, семејството. Помогнете му на оној што згрешил да се ослободи од чувството на вина. Ова ќе го залечи неговото срце, но и вашето.rn

3. Те сакам

rnСо оваа изјава, ниедна друга не може да се рамни. Овие зборови се чист израз на најприродниот подарок кој човекот може да го даде – љубовта. Единствената работа која може да ги победи овие зборови е самиот акт на покажување љубов.Мали зборови со големо значењеrn

4. Згрешив

rnСо еден збор можете да добиете прошка, во духот на несебичното, храбро признание за направената грешка. Кога сме повредени, знаеме дека минатото не може да се промени, но ако некој знае дека ни нанел болка и свесно го признае тоа, постојат големи шанси за подобрување на иднината.rn

5. Прекрасен/прекрасна си

rnПонекогаш се чувствуваме грди, однадвор или однатре. Но, во вакви ситуации, убаво е ако некој сè уште мисли дека сме убави.Мали зборови со големо значењеrn

6. Во ред е

rnКога сме загрижени, повредени, нервозни или исплашени, овие зборови не уверуваат дека нема потреба да се чувствуваме така. Ова навистина може да смирува. Веројатно можете да се сетите на ситуации во кои рамето на вашиот пријател или пријателка било фина потпора за вашите проблеми, додека истовремено сте слушале утешителни зборови дека се ќе биде во ред. Знаете колку е добро ова чувство.rn

7. Те разбирам

rnВо човековата природа е да сочувствуваме со другите, па затоа многу е фрустрирачки кога некој не не разбира или уште полошо, погрешно ни ги толкува зборовите. Во моменти кога се чувствуваме осамено, осудено или изолирано, многу значи разбирањето од страна на некој наш пријател. Не мора другите да се сложуваат со нас, едноставно имаме потреба да чуеме дека не разбираат.Мали зборови со големо значењеrn

8. Можеш да се чувствуваш сигурно

rnКога сме осетливи и исплашени, зборовите имаат моќ да ни го вратат чувството на сигурност и заштита што ни е потребно. Стравот може да го „заболи“ умот, но зборовите кои укажуваат на сигурност, делуваат како антибиотик.rn

9. Ти се восхитувам

rnУбаво е да знаете дека некој се огледува во вас, има високо мислење за вас или се стреми да ги следи вашите стапки. Зборовите кои искажуваат воодушевување не мотивираат, ни даваат сила и не потсетуваат дека на овој свет, сепак, правиме некакво влијание.Мали зборови со големо значењеrn

10. Те поддржувам

rnКога треба да донесеме некоја тешка одлука, која може да е добра или лоша, многу ни значи да чуеме од некој дека е на наша страна и не поддржува во секој случај. Зборовите како: „тука сум за тебе“ не охрабруваат да се движиме напред со помалку страв дека ќе бидеме осудувани.rn

11. Можеш да го направиш тоа

rnВо моментот кога се размислувате да се откажете или за нешто се двоумите, неколку охрабрувачки зборови можат да направат огромна разлика. Има некаков силен ефект во тоа кога знаеме дека некој друг има верба во нас и на тој начин тоа ја оживува вербата која ние треба да ја имаме во себе.rn

12. Ти си вистинскиот/вистинската

rnОвие зборови имаат едноставно значење. Значат: „те избирам тебе“, „ти си тој/таа“, „ти си посебен/посебна“. Со малку зборови можете некому да му кажете колку е тој/таа посебен/посебна.rn

13. Ова е само за тебе

rnПовеќето денови во животот ги посветуваме на повеќе луѓе. Од друга страна, има и денови како нашите родендени, годишнини и свадби кои се нашите посебни денови. Добро е ако имате пријатели кои ќе ви дозволат и покажат дека посебните денови се 100% само за вас.rn

14. Тука сум за тебе

rnАко некогаш ви требало утеха од пријател, знаете колку значат овие зборови. Не потсетуваат дека не сме сами, дека има некој што може да ни помогне додека сме повредени, изгубени и се бориме со животот. Дури и најцврстите луѓе кои делуваат како да им е животот постојано под контрола, имаат потреба од луѓе на кои понекогаш би можеле да се потпрат.rn

15. Одлична работа

rn…во комбинација со „Честито!“ Некои признаваат, други не, но на сите им значи да чујат признание за својот вложен труд. Пофалните зборови и признанието за добро завршената работа не инспирираат да правиме повеќе, да се трудиме повеќе и да се чувствуваме горди.rn

16. Ми недостигаш

rnНе можеме да бидеме присутни 24 часа на ден за луѓето кои ги сакаме. Но, сепак, многу значи доколку знаеме дека некому му недостигаме кога не сме таму. Ова всушност е начин на кратко да се каже „сакам да бидам во твое присуство и едвај чекам да се видиме и да поминеме некое време заедно“.Мали зборови со големо значењеrn

17. Ти си битен/битна

rnСите сакаме да се чувствуваме дека сме му битни на некој. Да чуете дека некој ве цени, особено кога се чувствувате бескорисно и неважно, е специјално чувство.rn

18. Извини

rnКога срцето е болно, искреното извинување веќе ја поставува основата за простување и лечење. Со зборовите: „жал ми е“, „ќе ми простиш ли“„, ти се извинувам“, покажуваме дека сме свесни за направената штета и дека имаме желба да ја намалиме болката.rnrnВи се допаднаа овие мали зборови со големо значење? Во текот на денов внимавајте кои зборови ќе ги употребите и обидете се да кажувате повеќе зборови кои сакате и самите да ги чуете назад. И најпосле, многу пати очекуваме дека луѓето треба да знаат што сме мислеле и како сме се чувствувале. Но, тоа не е така. Не претпоставувајте. Кажете го она што го мислите.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.