Овие неколку совети ќе ви откријат како да се забавувате и што да правите додека сте во карантин, така што деновите ќе ви поминат многу побрзо.rnrn
rn
1. Слушајте грамофонски плочи, тоа ќе ве натера да станете
rnДодека работите од дома, слушајте музика на грамофонски плочи наместо на вашиот компјутер. На тој начин, ќе треба да станувате на секои 20-30 минути за да ја смените плочата. Тоа ќе ве потсетува дека треба да станете и да прошетате.rn
2. Испратете писмо
rnКога ќе заврши овој бурен период, писмата ќе останат мали, слатки спомени.rn
3. Направете список со обврски на хартија
rnЗапишете ги секојдневните задачи на списокот, но и некои други задачи, како што се вежбање, готвење и сл. Потоа, залепете го списокот пред вас на работниот ѕид.rn
4. Организирајте виртуелна вечера
rnЗа време на карантинот, разговарајте со вашите пријателки за рецепти и за креативни начини како да го искористите максимумот од намирниците што веќе ги имате дома.rn
5. Започнете амбициозен проект со лего коцки
rnСоставувањето на коцките ќе има смирувачки ефект на вас.rn
6. Јавете им се на луѓето со кои не разговарате често
rnДајте им на знаење на луѓето дека се грижите за нив и ќе се чувствувате подобро откако ќе го направите тоа.rn
7. Вежбајте
rnНа Интернет и на социјалните мрежи можете да најдете многу видеа со вежби што можете да ги правите во својот дом.rn
8. Придружете се на забавите со познатите личности
rnМногу познати диџеи организираат забави во живо, па ако ви е здодевно, следете ги познатите диџеи на Инстаграм и уживајте во нивните забави.rn
9. Бојте
rnАко сте под стрес или ви е здодевно, боенките за возрасни може да ви помогнат. Ако немате таква боенка, можете да најдете бесплатно на Интернет и да ја испечатите.rnrnПрочитајте како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолација.