КАФЕ ПАУЗА

Мали постапки за искажување благодарност во секојдневниот живот, но со голем позитивен ефект!

Мали постапки за изразување благодарност во секојдневниот живот, но со голем позитивен ефект!

Written by

in

,

Искажувањето благодарност може да биде предизвик кога се соочуваме со осаменост или токсична врска, работа или здравствени проблеми. Сепак, кога сте обесхрабрени или оптоварени со негативни мисли, постојат неколку работи што можете да ги направите за да се чувствувате подобро.rnrnМали постапки за изразување благодарност во секојдневниот живот, но со голем позитивен ефект!rn

Зошто е тешко да се покаже благодарноста?

rnНа некои полесно им доаѓа чувството на благодарност, а некои, пак, имаат навика да се фокусираат на негативното. Една од причините за ова е тоа што нашиот мозок е предиспониран да решава проблеми и како таков вниманието го насочува кон негативната страна на одредена ситуација.rn

Зошто да се биде благодарен?

rnЧувството на благодарност има моќ да ја смени нашата перспектива и да нè доведе од чувството на депресија, завидливост, лутина или самосожалување до посреќно расположение. Освен тоа, негативните верувања и емоции ја ограничуваат нашата имагинација и способност да се справиме и решаваме проблеми. Во продолжение прочитајте кои постапки можат да го „олеснат“ процесот на искажување благодарност во секојдневниот живот.rnrnНабројувањето на работите за кои сте благодарни – Препорачливо е да ги запишувате секој ден, особено доколку се најдете во очајна ситуација. Можете да почнете со фактот дека знаете да пишувате и да читате. Додадете мали нешта, на пример, љубовта кон вашето домашно милениче, поздравот од колега, моментот кога ќе ја слушнете омилената песна на радио или ќе завршите некоја приоритетна задача. По неколку дена, ќе почнете да барате работи што треба да ги додадете на вашата листа и ќе откриете дека вашето расположение значително се подобрува – многу побрзо отколку да земате антидепресив.rnrnПрочитајте ја вашата листа некому – Споделувањето на чувствата на благодарност го удвојува ефектот.rnrnОдвојте време за себе – Опуштете се и внимавајте на сегашниот момент, чувствувајќи го здивот и телото. Почувствувајте благодарност за живоста во вашето тело.rnrnСекојдневно покажувајте благодарност – Тоа што го правите гласно има поголема моќ. Наутро и навечер рецитирајте молитви на благодарност или само кажете „Фала ти (Боже)“.rnrnЗаблагодарете им се на другите во текот на денот за нивната помош, особено на луѓето на кои вообичаено не им се заблагодарувате – Ова е признание дека зависите од многу луѓе за да преживеете и го признавате вашето меѓусебно зависно постоење.rnrnДавајте почесто комплименти – На тој начин ќе им оставите до знаење на другите дека го цените нивниот труд.rnrnРазмислете за луѓето што ги цените – Чинот на нивното визуелизирање со позитивни чувства го отвора вашето срце за благодарност.rnrnНапишете им на луѓето неочекувани белешки полни со благодарност.rnrnПравете мали добри дела.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да ја искажете благодарноста во секојдневието, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин можете да ги цените и да уживате во малите нешта во животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com