Мачките подучуваат: Како да ја покажете вашата љубов кон партнерот?

Сподели

Луѓето кои чуваат мачка знаат дека нивната љубов е посебна. Честопати се вели дека мачките се непредвидливи и никогаш не можете да знаете што да очекувате од нив, но зар не сме и ние луѓето непредвидливи кога станува збор за љубовта? Ретко кој може да им одолее на мачињата, меѓутоа тие се многу повеќе од слатки животинчиња. Тие навистина се разбираат во љубовта! Еве кои 10 работи би можеле да ги научат луѓето од мачките околу тоа како да ја покажат љубовта кон партнерот…rn

Реклама

1. Мора да се грижите еден за друг

rnТоа е првото и основно правило.rn

2. Мора да му дозволите на партнерот да се грижи за вас

rnПолесно е да се каже отколку да се направи, но мора да знаете дека љубовта е како двонасочна улица.rn

3. Караниците се нормална работа

rnНема од што да се срамите. Се случува и тоа е сосема нормално.rn

4. Но, мора да ги решите, пребродите и да продолжите понатаму без да држите лутина

rnА најдобар начин да го направите тоа е со помош на една голема, топла прегратка.rn

5. Треба да уживате заедно и кога не правите ништо посебно

rnЗабавувајте се правејќи различни работи, но уживајте во вашето друшто и кога само се излежувате и не правите ништо.rn

6. Треба да научите да ги разбирате невербалните знаци што ви ги праќа партнерот

rnНе треба да ја занемарувате и невербалната комуникација. Обрнувајте повеќе внимание на неа и почитувајте ја.rn

7. Делата зборуваат погласно од зборовите

rnЛуѓето кои чуваат мачка знаат дека кога нивното маче ги тегне шепите на нив, тоа е најголемиот знак на љубов. Измасирајте го партнерот, измијте ги садовите, направете што било друго. Кога зборовите не се доволни, делата говорат сами за себе.rn

8. Понекогаш на вашиот партнер му треба простор

rnМожеби се сакате најмногу на светот, но во ред е да поминувате и некое време сами. Треба да се грижите и за себеси.rn

9. Вреди да се искачите преку некои ѕидови

rnrnЛуѓето поставуваат ѕидови со причина, но доколку сте заедно подолго време, обидете се да се искачите преку нив. Трудот нема да ви биде залуден.rn

10. Не плашете се да експериментирате

rnСфатете го ова како сакате и како ви одговара.

Популарно

Може ќе ве интересира