Ако за нејзината сестра Ким би рекле дека е кралица на слефи фотографиите и Инстаграм, тогаш за Кендал Џенер слободно можеме да кажеме дека е кралица на модната писта. Таа е еден од најбараните и најплатените светски супермодели и логично е дека секогаш кога ќе се појави на црвениот тепих таа изгледа модерно и елегантно.
Иако за црвениот тепих задолжителен е совршен стајлинг, Кендал Џенер изгледа „топ“ и во лежерните ситуации, кога оди на прошетка или додека го снима своето ријалити „Во чекор со Карадашијан“. Покрај одличната облека, Кендал сака да носи впечатливи и модерни аксесоари, а денес токму тие го привлекоа нашето внимание.
rn
1. Проѕирни обувки
rnЗа многу девојки овие обувки изгледаат чудно и некако неутрално, но кога ќе ги погледнеме на Кендал, веднаш ни се допаѓаат. Всушност, тие може многу лесно да се комбинираат со скоро секоја лежерна гардероба, па воопшто не е чудно зошто овие обувки се едни од омилените аксесоари на оваа позната манекенка.
rn
2. Луксузни очила за сонце
rnСтилот на Кендал Џенер е урбан и едноставен. Таа сака необични аксесоари и нешто што не би го носела секоја девојка. Очигледно нејзината цел е да се разликува од другите и таа да ги диктира новите трендови.
rn
3. Ретро чанта
rnОвој аксесоар беше популарен пред „100 години“ и главно карактеристичен за мажите, но кога е Кендал во прашање, оваа млада девојка воопшто не се двоуми да стави нешто на себе за кое многу девојки не би се осмелиле. Ваквата чанта е навистина практична за да ги собере најпотребните женски ситници, како што се мобилниот телефон, картичките, клучевите и неколку основни парчиња шминка. Таа е мала и практична, па нема потреба со часови да го барате она што ви е потребно во моментот.
rn
4. Бели чизми
rnКога е Кендал во прашање, нејзин избор се чизмите до глуждови, а не е голем љубител на претерано високите потпетици.
Продолжете на следната страница за да ги дознаете останатите нејзини омилени аксесоари.


