Фиренца, Прага и Лондон со нивните планетариуми, астрономски часовници и огромни библиотеки се совршен избор за патниците кои сакаат да продрат подлабоко во мистериите на астрономијата и потеклото на времето. Еден таков град, полн со научни откритија не е дел од листата на белосветски патници. Имено, се работи за гратчето Левен во Белгија. Овој универзитетски град е местото каде што во 1931 година отец Жорж Леметр, белгиски католички свештеник, ја напишал хипотезата за почетоците на универзумот. Со други зборови, Левен е местото каде била родена теоријата за Биг Бенг, или како што Леметр го нарекол својот концепт, „денот без вчера“.rnrn
rn
Таткото на теоријата за Биг Бенг
rnВо 1930-тите теоријата на Леметр била едноставно незамислива за неговите современици, вклучувајќи го и Алберт Ајнштајн кој ја отфрлил неговата претпоставка дека универзумот се шири.rn
Во тоа време, физичарот му рекол: „Твојата математика е точна, но твојата физика е ужасна.“
rn
Во потрага по Леметр
rnЛикот на Леметр и не е толку популарен во белгиското гратче, па затоа оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за него, треба да знаат каде да бараат. Неговата извајана статуа се наоѓа во дворот на колеџот кој некогаш бил седиште на Институтот за физика на Католичкиот универзитет во Левен.rnrn
rn
Наследството на Левен
rnПокрај Леметр, во ова мало гратче живееле и работеле и многу други научници кои дале значаен придонес во развојот на науката. Градоначалникот на Левен, Мохамед Ридујани, смета дека гратчето е поврзано со историјата преку долгата нишка на брилијантните умови кои живееле тука и нивната иновативност.rn
„Клучниот збор е иновацијата, а уште од средниот век Левен бил безбедно место каде научниците слободно ги изразувале своите идеи“, вели Ридујани. „Овде живеат околу 100.000 луѓе, но повеќе од 60.000 се студенти. Тоа остава голем простор за поттикнување на имагинацијата.“
rnОткако прочитавте каде била откриена теоријата за Биг Бенг, можеби ќе сакате да прочитате и 11 неверојатни факти за Млечниот пат.rnrnИзвор: nationalgeographic.com