Без оглед на тоа дали сте во врска или сингл, вашиот избор на партнер кажува многу за вашиот животен стил. Иако спротивностите се привлекуваат, сепак мора да постојат одредени интереси кои ќе ви бидат заеднички со вашиот партнер. На пример, ако сакате да излегувате и да останувате во клубовите до раните утрински часови, веројатноста е дека ќе завршите со некој кој сака да се забавува на истиот начин. А можеби ќе бидете од оние парови кои повеќе сакаат да ги поминуваат вечерите во домашна атмосфера со филм и добро вино. Факт е дека постојат најразлични парови. Некои од нив нè нервираат со постојаното лигавење и објавување фотографии на социјалните мрежи, додека, пак, за некои парови воопшто не можеме ниту да забележиме дека се заедно. Ова се неколкуте парови кои сигурно сте ги сретнале во животот, а можеби и ќе се пронајдете во некој од нив…rn
Искулиран пар
rn
rnrnШто прават најчесто: Отвораат добро вино, ги облекуваат нивните најудобни тренерки и гледаат романтична комедија која им се допаѓа и на двајцата (Веројатно се работи за „Бележникот“)rnrnКако се запознале: Класичната „местенка“. Нивните заеднички пријатели решиле да ги спојат затоа што сметале дека би биле одличен пар. И не згрешиле.rn
Спортски пар
rn
rnrnШто прават најчесто: Се пријавуваат на маратони за да ги прослават посебните прилики, навиваат еден за друг и ја координираат нивната облека за вежбање од глава до пети. Знаете како велат: Парот кој се облекува заедно, трча заедно, ја поминува завршната линија заедно, и потоа прави испотено селфи заедно… Останува заедно.rnrnКако се запознале: Додека џогирале на истото место или во истата сала за вежбање. Носеле исти хеланки за трчање.rn
Модерен пар
rn
rnrnШто прават најчесто: Си разменуваат облека, парфеми, модни додатоци и списанија. Постојано се под стрес поради тоа што не знаат како да ја организираат облеката во нивниот шкаф (Според сезона? Годишно време? Боја? Расположение?).rnrnКако се запознале: На улица се фатиле како се одмеруваат еден со друг. Прво доаѓа стилот, а потоа љубовта.rn
Џет сетерски пар
rn
rnrnШто прават најчесто: Одат на одмор на егзотични дестинации (и објавуваат фотографии на Инстаграм на кои сите им завидуваат). Останатите обични смртници со завист им ги лајкуваат фотографиите додека ги гледаат како полетуваат за Бали, Грција, Мароко… И сите секогаш се прашуваат дали тие воопшто работат или нивната работа е да бидат професионално секси и мистериозни?rnrnКако се запознале: Додека учеле во странство. Веројатно одбрале предмет целосно посветен на уживањето во виното.
