Листа на работи кои веднаш треба да почнете да ги правите. Остатокот од животот ќе ви биде многу подобар!

Сподели

Автор: Сара Турановиќ

Реклама

Без разлика колку години имате, сигурно постојат моменти кога се жалите на животот, неправдата, несреќата, здравјето, околностите. Тоа може да трае со години, но со жалењето нема ништо да промените. На некои работи не можете да влијаете, но постои листа на работи кои може веднаш да започнете да ги правите, а резултатите ќе ги видите во иднина, бидејќи ќе ви го подобрат остатокот од вашиот живот. Не барајте изговори, збогувајте се од лошите навики!

rn

1. Вежбајте

rnНе само што ќе бидете поздрави, туку нема да се оптоварувате со разни диети за да ја контролирате вашата телесна тежина. Ако имате можност, вежбајте наутро, бидејќи тоа ќе влијание на вашиот сон, ќе ви ја подобри циркулацијата и концентрацијата и најважно, ќе ве ослободи од стресот.rn

2. Заборавете на изговорите: „Утре“, „Немам време“, и „Не можам“

rnТоа фамозно утре, никогаш не доаѓа. Ако немате желба нешто да направите, или пак немате доволно самодоверба, признајте си го тоа и поправете се!rn

3. Штедете

rnСекојдневниот шопинг и купувањето ситници кои не ви се потребни ќе ве доведат после 20 години да се запрашате зошто воопшто немате заштедено. Од друга страна пак, ако секој месец одвојувате одредена сума, после неколку години ќе имате доволна заштеда и ќе бидете пресреќни поради оваа одлука.rn

4. Смејте се

rnИмавте лош ден? Насмевнете се за инат! Докажано е дека веднаш ќе се чувствувате посреќно.rn

5. Понекогаш бидете себични

rnПонекогаш е потребно да ги игнорирате сите останати, за да направите нешто важно за себе. Секако, треба да бидете великодушни и да им помагате, на другите но никогаш не заборавајте на себе.rn

6. Намалете го користењето на телефонот

rnВремето изминува, затоа кога сте со пријателите или со семејството, исклучете го мобилниот или пак ставете го на вибрации. Не дозволувајте технологијата да го заземе целиот ваш живот.rn

7. Патувајте

rnАко сте во можност, патувајте почесто. Ништо не може да се спореди со чувството дека одите во нешто непознато, несекојдневно и необично. Искуствата се многу поважни од предметите.rn

8. Следете ги своите соништа

rnПравете го она што го сакате. Во спротивно, цел живот ќе бидете незадоволни и ќе жалите за она што не сте го направиле. Не дозволувајте никој да ве спречува, ниту работата ниту пак партнерот. Ако мислите дека можете повеќе, тогаш работете на тоа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира