Како мало освежување во козметичката торбичка, маскарите во боја ќе ви ги истакнат очите и ќе ви дадат нов и свеж изглед. Ако добро ги прилагодите остатокот од шминката, облеката и пригодата, веселите маскари во боја можат да бидат вистинската летна алтернатива на класичната маскара. Еве неколку совети како да ја носите.rn
1. Нагласете ги само очите
rnАко нанесувате маскара во боја, тогаш потрудете се остатокот од шминката да биде неутрален. Значи, за ваквиот изглед заборавете на тушот и сенките за очи. Ова е едноставен начин да изгледате совршено за дневна прошетка или за на плажа.rnrn
rn
2. Потрудете се тушот и маскарата да бидат во иста боја
rnКога веќе сметате дека не можете без туш на очите, а сакате да го пробате овој тренд, тогаш важно е маскарата и тушот да одговараат т.е. да бидат во иста боја. Ова е едноставен начин вашите очи да блеснат во монохроматско издание.rnrn
rn
3. Обоена маскара во комбинација со металик сенка
rnБез разлика дали е сребрена или златна, металик сенката во комбинација со маскара во боја е одлична комбинација за топлите летни ноќи. Благодарение на овој изглед, вашите очи ќе изгледаат многу поголеми и поотворени.rnrn
rn
4. Очите и маскарата нека ви бидат во слични бои
rnВо случај бојата на маскарата и бојата на очите да бидат контрастни и да сметате дека изгледате чудно, тогаш останете во истиот дијапазон на бои. За оние со кафеави и зелени очи најдобри се земјените тонови, а на синооките најубаво им прилегаат маскари кои во себе ја содржат сината боја – индиго или виолетова.rnrn
rn
5. Поиграјте си со очите и усните
rnЛетото е одличен период за експерименти. Одлична идеја за летен експеримент е да пробате комбинација на нагласени очи и усни во силни бои. Затоа отфрлете ги старите правила за убавина и заблескајте со полн сјај во боите на летото.rnrn
