Можете да имате многу пријатели во вашиот живот, но никогаш нема да имате пријател како вашиот сопруг. Пријателството е неопходно доколку планирате да бидете засекогаш заедно. Па, дали вашиот сопруг ви е најдобар пријател? Овие знаци ќе ви помогнат да го дознаете тоа…rnrn
rn
1. Сѐ си кажувате
rnПрвиот човек кому му ги соопштувате добрите вести е вашиот сопруг и обратно. Обожувате да му раскажувате што ви се случило во текот на денот и можете да разговарате буквално за сѐ.rn
2. Тој е единствениот човек кому му верувате
rnИмате мал круг на луѓе на кои им верувате, но сепак вашиот сопруг е човекот кому најмногу му верувате. Сигурни сте дека вашите тајни се безбедно зачувани кај него.rn
3. Обожувате да се задевате
rnМалите забавни трикови и шеги ја одржуваат вашата врска во живот. Победник е оној кој ќе смисли најсмешен трик!rn
4. Тој е вашиот заштитник
rnВашиот сопруг е секогаш покрај вас. Тој ве брани по секоја цена и подготвен е да го ризикува сопствениот живот за да ве заштити.rn
5. Подеднакво ве сака кога имате и добри и лоши денови
rnТој сака да ве направи среќни и подготвен е да ве сака и во лошите и во добрите денови. Кога поминувате низ тежок период, тој е секогаш до вас и ви помага да застанете на нозе.rn
6. Се сакате поради вашите недостатоци
rnНикој не е совршен и убавината на вашата врска лежи во тоа што се сакате поради вашите недостатоци. Вашите маани се безначајни во неговите очи, исто како и неговите маани во вашите очи.rn
7. Си давате најдобри совети
rnСекогаш си пружате меѓусебна поддршка. Кога ви треба совет, веднаш му се обраќате нему, бидејќи тој најдобро знае што ви треба и што да ви каже.rn
8. Се сослушувате меѓусебно кога има потреба за тоа
rnКомуникацијата е клучот за секоја успешна врска. Ако вашиот сопруг ви е најдобар пријател, тоа значи дека тој е подготвен да ве сослуша во секое време. Истото важи и за вас. Секогаш сте тука за него кога му треба разговор.rn
9. Не ве осудува поради ситници
rnИ покрај вашите недостатоци, тој ве сака такви какви што сте. Никогаш не ве осудува.rn
10. Сѐ правите заедно
rnКаде и да одите, тој е секогаш покрај вас. Сакате заедно да ги доживувате животните авантури.rnrn
rn
11. Тој е човекот кој најдобро ве познава
rnВашата врска е двонасочна улица. Го познавате вашиот сопруг подобро од кого било друг и обратно, бидејќи не постојат тајни помеѓу вас.rn
12. Ве прави среќни
rnНајсреќни сте кога сте со вашиот сопруг. Тој го извлекува најдоброто од вас, исто како што и вие го извлекувате најдоброто од него.rn
13. Постојано ве изненадува
rnВашата врска е полна со изненадувања и постојано се прашувате што вашиот сопруг ќе направи следно. На овој начин, тој ја покажува неговата љубов и ви докажува дека сте најдобри пријатели.rn
14. Прави слатки и будалести работи за вас
rnПонекогаш работите што ги прави се будалести, но вие го сакате уште повеќе поради тоа. Среќни сте што го имате како најдобар пријател.rn
15. Знае токму што ви треба
rnКога имате тежок ден и не знаете што да правите со себе, тој точно знае што да направи за да ве расположи.rn
16. Најтешко ви е кога сте разделени
rnКога не сте заедно, ви се чини дека целиот свет застанал. Ги броите минутите додека повторно не го видите вашиот најдобар пријател.rn
17. Се сакате поради вашите чудни опсесии
rnСите се опседнати со нешто. Вие се сакате без оглед на тоа колку се чудни вашите опсесии. Со текот на времето сте развиле љубов кон опсесиите на вашиот сопруг и тие станале и ваши опсесии.rn
18. Обожувате да патувате заедно
rnНе постои друг човек со кого попрво би тргнале на патување, бидејќи вашиот сопруг е единствената личност со која сакате да доживувате авантури. Освен тоа, тој нема да ве осудува кога ќе почнете на сиот глас да ги пеете песните од Дизни додека патувате.rn
19. Вие сте неговиот свет
rnНишто не му е поважно од вас. Вие сте неговиот живот и центар на универзумот.rn
20. Јавно ја покажувате вашата љубов
rnЈавното искажување љубов е само бонус. Не се срамите да покажете колку се сакате.rn
21. Животот не би бил целосен без него
rnСега кога го познавате добро, знаете дека животот не би ви бил целосен без вашиот сопруг. Тој е вашиот единствен вистински најдобар пријател. Вашето пријателство е вечно и непобедливо.rnrnДоколку не сте во брак, прочитајте ги следниве 12 знаци дека вашето момче е и вашиот најдобар пријател.