Пругите често ги бие лош глас бидејќи познато е дека не ѝ се добар пријател на фигурата, односно визуелно прошируваат. Меѓутоа, со паметен стајлинг и неколку добри совети, тие не само што можат да ја истакнат добрата фигура, туку и да трансформираат најобично парче облека во најнеобичен и интересен тренди аутфит. Клучот е да го познавате сопственото тело и моделите кои најдобро ви стојат, а потоа пругите паметно да ги искомбинирате со остатокот од облеката и модните додатоци.rnrn
rn
1. Облекувајте се според обликот на вашето тело
rnСите знаеме дека пругите можат да прошируваат и понекогаш да го нагласат она што сакаме да го сокриеме, но тоа може да се искористи и во своја полза. Ако не сте баш надарени во делот кај градите, облечете маичка во хоризонтални пруги. Ако сакате да додадете малку волумен во пределот кај рамниот задник, одлучете се за мини здолниште во пруги. Исто така, вертикалните пруги можат да ви помогнат да го продолжите телото и привидно да изгледате послаби, што значи дека фустан или пантолони со вакви пруги можат и тоа како добро да ве послужат.rnrn
rn
2. Колку пошироки пруги, толку повеќе окото ќе се успори и ќе се фокусира на нив
rnТоа значи дека привидно ќе изгледате пошироко. Што се потенки пругите пак, толку ќе биде потешко фокусот да биде само на една линија, што значи дека ваквите хоризонтални пруги почнуваат да изгледаат како вертикални – окото се поместува горе-долу наместо лево-десно, а тоа ве издолжува и ве прави послаби.rnrn
rn
3. Балансирајте
rnОднесувајте се кон пругите како и кон кој било друг дезен – тие треа да нагласат одредена комбинација, а не да преовладуваат. Ако имате маица или блуза на пруги, искомбинирајте ја со пантолони или сукња во една боја. Ако сте се одлучиле за пругаст фустан, остатокот од изгледот нека биде неутрален и дискретен. Комбинирањето на повеќе дезени не е исклучено, но сепак зависи од самите нив. На пример одлично ќе искомбинирате топ во ситни црно-бели точки и сукња на широки пруги во црно-бела варијанта, која одлично функционира бидејќи се работи за исти бои, но различни дезени.rnrn
rn
4. Носете пруги во различни бои
rnПругите не мора да бидат двобојни. Моментално многу се тренди пругите во различни бои, без разлика дали се работи за маица, сукња или фустан.rnrn
rn
5. Почнете со помалку
rnАко сѐ уште не сте уверени дека пругите се добар избор за вас, обидете се да ги носите како моден додаток – балетанки, чанти, ремени или марами. Така секако ќе имате парче од најпопуларниот дезен ова лето и ќе бидете апсолутно во тренд.rnrn
rnrnПогледнете уште модни комбинации со пруги.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.














