КАФЕ ПАУЗА

Виножито од мравки

Виножито од мравки

Written by

in

Замислете си колку би било чудно кога би можеле да погледнеме низ стомакот на луѓето и да видиме што тие јаделе денес за доручек?! Епа, за мравките тоа е секојдневие. Нивниот транспарентен стомак ни дозволува да видиме што консумирале, врз основа на бојата на храната.Виножито од мравкиИндискиот фотограф и научник Мохамед Бабу капнал неколку шеќерни капки помешани со црвена, жолта, зелена и сина прехранбена боја во неговиот двор, за да ги намами мравките и потоа ги фотографирал додека јадат од нив.rn.rn

Некои од мравките дури се префрлаа од една на друга боја капка и притоа создаваа нови комбинации на бои во нивните тела“ – вели Бабу.

rnВиножито од мравкиИнспирација за овој негов интересен научен експеримент и уметност е неговата сопруга, која му покажала како некои мравки станувале бели, откако ќе се напиеле истурено млеко од работната маса во кујната.rnrnБабу ги капнал капките на парафинска основа за да се задржи нивниот тркалезен облик откако мравките ќе се напијат од течноста. 53-годишниот научник вели дека мравките ја преферирале зелената и жолтата боја. Потемно сината и зелена капка не им се допаѓале, па сите мравки се насобирале само околу жолтата и светло зелената. Затоа Бабу капнал повеќе од жолтата и зелената течност, а помалку од сината и црвената, за да се насоберат мравки околу сите бои и да формираат виножито.Виножито од мравки.rn

„И покрај тоа што можев да насоберам рој мравки во една минута, ми беа потребни повеќе обиди за да дојдам до фотографија која ќе ме задоволи. После неколку минути беше тешко да се справам со гужвата, па додека го држев апаратот со десната рака, со левата ги тргав вишокот мравки од кадарот.“

rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.