Кога фотографот Чарли Кордеро прв пат слушнал за Санта Круз Дел Ислоте, мал густо населен остров во Колумбија, бил вчудовиден. Отсекогаш го фасцинирале луѓе кои успеваат да преживеат во тешки околности, а овој остров веднаш се истакнал.rnrn
rnrnНа островот има ограничен пристап до вода, храна и струја, но овде сепак живеат 46 семејства во 97 куќи, на површина од 10.033 метри квадратни.rnrn
rn
„Сè што знаевме за ова место е дека е далечен и малку познат остров кој жителите не сакаат да го напуштат. Голем број луѓе живеат на толку мал простор. Веднаш знаев дека е место кое заслужува да биде познато.“
rn
rnrnНеговите први фотографии од овој проект биле објавени минатиот август во New York Times и ги прикажуваат збиените живеалишта на жителите.rnrn
rn
„Пред 150 години, овој остров бил мал и ненаселен со помалку од хектар земја кој пловел сред Карипското Море. Рибарите од Картагена и Толу го користеле местото за одмор и заштита од бури.“
rn
rnrnОстровот е лоциран на место со многу корали, па станал атрактивен за луѓето кои почнале овде да градат домови. Семејствата граделе куќи една до друга како што се венчавале и имале деца.rnrn
rnrnПрвите жители собирале материјали за изградба од земјата и морето.rn
„Школки, кокоси, дрва, песок, па дури и ѓубре биле користени за изградбата.“
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
