Општо е познато дека може многу да се научи од навиките на богатите луѓе. Богатството се стекнува постепено и макотрпно. Нивните постапки и навики можат многу да нè научат, па затоа почнете да учите од нив.rn
Живот под своите можности
rnИако Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, одамна има многу финансиски средства, тој реши да купи куќа неодамна. Неговата нова куќа чини 7 милиони долари, што е неспоредливо со неговото богатство од 17,5 милијарди долари. Тој не се расфрла со парите и живее мирен и приземен живот, а тоа е лекција која сите треба да ја научат.rnrn
rn
Помагајте
rnБил Гејтс последниве години има донирано толку многу пари, што пополека почна да паѓа од листата на најбогати луѓе на Форбс. Не треба да подарувате милиони како што прави тој, затоа што ретко кој ги има, но можете да одвоите малку слободно време за волонтирање или да донирате некој денар за оние на кои навистина им е потребна помош. Запомнете, доброто со добро се враќа.rn
Размислувајте на долги патеки
rnВорен Бафет е познат по своите вложувања кои даваат резултати на долг рок. Крајно време е да почнете да размислувате на долги патеки. Иако, сте млади и рано ви е за пензија, сепак уште сега треба да почнете да размислувате каков живот сакате да живеете кога ќе остарете. Секогаш можете да почнете со вложување во животно осигурување или да штедите. Верувајте, еден ден и тоа како ќе ви се исплати.rn
Работете го она што го сакате
rnВо една своја емисија, Опра Винфри изјави:rnrn
„Луѓето ја пронаоѓаат среќата во она што го работат. Доколку не го работите она што го сакате, секој ден по малку умирате.“
rnВажно е да имате кариера во која уживате. Секојдневно многу време поминувате работејќи, а ако работата не ви се допаѓа, почнете барем да работите на правење план како да го промените тоа. Зар би го поминале цел живот во некоја компанија само затоа што неа ја бие „добар глас“, не земајќи предвид колку тоа лошо ви влијае? Преземете ги работите во свои раце. Нема да ви биде лесно и со сигурност ќе ви треба повеќе време отколку што мислите, но најважна е крајната цел – да го работите она што го сакате.rnrn
rn
Живејте го животот со полн капацитет
rnГолем број богати луѓе се водат по принципот „Живеј како да ти е последен ден“. Сара Блејкли, милијардерката која е сопственик на компанијата „Spanx“ ја научила оваа лекција на само шеснаесет години. Имено, нејзината најдобра другарка ја удрило автомобил и им подлегнала на повредите.rnrn
„Тогаш сфатив колку животот брзо проаѓа и никогаш не можете да знаете дека деновите ви се одбројани.“
rnНе плашете се да ризикувате! Живејте го животот до максимум, бидејќи никој не знае што носи утрешниот ден.rn
Работете напорно на себе
rnСите се воодушевуваа на неодоливите презентации на Стив Џобс, но неговиот талент не бил вроден. Тој ги презентираше производите на „Епл“ како да се наоѓа во својата дневна соба пред своите најблиски, а не пред милионски аудиториум. Ова успеал да го достигне со многу вежбање. Чувството на неформалност доаѓа после многу часови исцрпувачко вежбање. Работете напорно и вежбајте.rnrn
rn
Верувајте им на инстинктите
rnРалф Лорен се потпира на своите инстинкти на кои најмногу им верува:rnrn
„Не ми е потребна фокус група за да знам што сакаат луѓето. Јас го чувствувам тоа. Самите знаете што ќе ги допре луѓето, бидејќи тоа ве допрело и вас. Генијалноста на човекот лежи во неговата интуиција, а не во факултетската диплома.“
rnНе правете работи за да ги задоволите другите. Прво угодете си себеси, а доколку верувате во себе и во своите принципи, успехот нема да изостане.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
