КАФЕ ПАУЗА

Лекарите советуваат: Ако ви е затнат носот, во никој случај немојте да го „дувате“!

Лекарите советуваат: Ако ви е затнат носот, во никој случај немојте да го „дувате“!

Затнатиот нос и притисокот во главата најчесто се резултат на инфекција која предизвикува отекување и стеснување на крвните садови во носот, па често „дувањето“ на носот само ги влошува нештата, создавајќи иритација и подуеност на ткивата.rnrnЛекарите советуваат: Ако ви е затнат носот, во никој случај немојте да го „дувате“!rnrnПовеќето антибиотици имаат многу мал ефект врз намалувањето на симптомите на воспаление на синусите, што е особено често заболување во есен и зима, покажа неодамнешната студија на Американското здружение на лекари.rnrnПрвата работа што треба да ја направите е да ги идентификувате причините за вашите проблеми со синусите. Причината може да биде воспаление предизвикано од бактерии или вируси, но и алергии.rnrnЗа разлика од вирусно воспаление или алергиите, бактериите предизвикуваат треска, па доколку не преземете нешто за да ја оптимизирате состојбата, таа може да прерасне во хронично воспаление на синусите. Затнатиот нос и притисокот во главата најчесто се резултат на инфекција која предизвикува отекување и стеснување на крвните садови во носот, а не се настанати поради слузта од синусите, објаснува британскиот отоларинголог д-р Ајах Ал Ајуби.rnrnНе само што „дувањето“ на носот не помага за отворање на дишните патишта, туку бројни студии докажале дека принудното дување може да предизвика ширење на инфекцијата. Доколку мора да го „издувате“ носот најдобро е да го сторите тоа нежно низ една, па потоа низ другата ноздра – советува д-р Ајоби.rn

Навлажнете го воздухот

rnНајчеста причина за отежната назална конгестија и отежнатото дишење низ носот е бидејќи ноќе воздух е посув во загреаните простории, а тоа ги оштетува мукозните мембрани на носот. Лесно решение е да поставите навлажнувач на воздухот.rnrnАко преферирате природни решенија, поставете влажни крпи или садови со вода на радијаторите, па тоа исто така, ќе ви помогне за одржување на влажноста во просторијата.rnrnШто е можно почесто, проветрувајте ја просторијата во која спиете, намалете го греењето или сопрете го преку ноќ и тоа ќе ви го олесни спиењето и дишењето преку носот.rn

Лутата храна е брзо решение

rnЛутите пиперки, лутата чорба или супата со вкус на пиперки се брзо решение за отворање на дишните патишта, особено ако јадете луто. Хемиското соединение капсаицин во лутата храна ќе ви го одзатне носот, па најдобро е да јадете ваква храна навечер, бидејќи тогаш се појавуваат проблемите.rnrnМоже да ви помогне и кромидот кој треба да го исечкате и помирисате, па тој покрај солзите, ќе предизвика и одзатнување на носот.rnrnСлично дејство има и црниот ким, чие семе треба да се сомели и да се завитка во газа, а ќе има сличен ефект. Ставете ја газата блиску до ноздрите и земете длабок здив, но внимавајте, затоа што тоа ќе предизвика и мало пецкање покрај одзатнувањето на носот.rn

Инхалации

rnВдишувањето на пареата на водата е одличен помошник во олеснување на напнатоста во синусите и прочистување на дишните патишта. Покрај тоа, пареата ќе ја навлажни иритираната слузница, предизвикувајќи одзатнување.rnrnЕдноставен рецепт за раствор за инхалација е да растворите 10 грама сол во 100 милилитри зовриена вода, а овој рецепт е безбеден и за астматичари.rnrnВториот вид раствор се подготвува со ставање половина главица лук, две капки есенцијално масло од чајно дрво и 3 капки есенцијално масло од еукалиптус во четири децилитри врела вода. Можете исто така да додадете две до три капки мајчина душица, рузмарин и масло од лаванда во водената пареа.rn

Плакнење на носот

rnЗа да го подготвите растворот за плакнење, потребна ви е дестилирана вода, кујнска сол, сода бикарбона и пумпа за нос или пластична инјекција, што можете да ја купите во аптеките. Измешајте половина лажичка сол со две чаши млака вода и прстофат сода бикарбона.rnrnСтавете го растворот во инјекција и исплакнете го носот над мијалникот. Додека го правите ова, дишете со устата. Ако користите пумпа, постапката е иста, а потоа нежно избришете го носот по плакнењето.rn

Подигнувањето на главата може да ви помогне

rnАко сè уште ги чувствувате симптомите на затнат нос ноќе, обидете се да ставите повеќе перници под главата. Ако главата е поткрената во однос на срцето, носните синуси се со помала веројатност да се затнат и слузта полесно истекува.rn

Она што не треба да го правите:

rn

    rn 011

  • Избегнувајте шмркање и повлекување на слуз назад во носот;
  • rn 011

  • Избегнувајте алкохол и цигари бидејќи тие само ќе го влошат проблемот;
  • rn 011

  • Немојте силено да го „дувате“ носот бидејќи ова ќе предизвика уште поголемо затнување;
  • rn 011

  • Не го притискајте челото силно ако имате затнат нос бидејќи ова само уште повеќе ќе ги стимулира синусите;
  • rn 011

  • Не пијте антивоспалителни лекарства освен ако имате и други симптоми покрај течењето на носот;
  • rn 011

  • Немојте постојано да користите капки за нос.
  • rn

rnМожеби сакате да прочитате и дека треба да го внесете овој зачин во исхраната и да гледате како здравјето ви се подобрува, а килограмите заминуваат.