Кога сте во нова и свежа врска, сè изгледа возбудливо. Вие сè уште ги истражувате вашите тела, но исто така и сакате да се покажете во најдоброто можно светло. Имајќи го тоа на ум, за да ја заштитат својата репутација или пак, да добијат нешто што побрзо можат, мажите често се служат со следниве лаги…rnrn
rn
1. „Пред неколку месеци“
rnАко го прашате кога последен пат се тестирал за полово преносливи болести, ова е одговорот што ќе го чуете. Тој најверојатно го кажувал ова толку често што веќе му преминал во навика, па можеби дури и заборавил кога навистина последен пат се проверил. Ова е најсигурниот начин да добие секс без презерватив, па затоа секогаш инсистирајте да се тестирате и двајцата пред да се впуштите во незаштитен сексуален однос и да го загрозите своето здравје.rn
2. „Не можам да имам однос со кондом“
rnИако веќе сигурно знаете, сепак сметаме дека е добро да ве потсетиме. Тој може да има однос со презерватив, но не сака бидејќи на тој начин му се намалува задоволството. Тоа не го спречува да доживее оргазам, па доколку инсистира да заборавите на заштитата, ставајќи го своето уживање на прво место, подобро свртете се на другата страна и заминете си. Вашето здравје треба да ви биде пред сè останато.rn
3. „Неколку пати неделно“
rnКога станува збор за мастурбацијата, постојат жени што ни најмалку не им пречи што нивниот партнер се самозадоволува дури и покрај тоа што е во врска. Но, постојат и жени на кои премногу им смета бидејќи се чувствуваат како да не се доволни за својот партнер. Ако го тргнеме тоа на страна, поголемиот дел од мажите се самозадоволуваат секојдневно, а некои од нив и повеќе пати во текот на денот – па, земајте го овој одговор со резерва, бидејќи тој сè уште не знае во која категорија жени спаѓате, дали кај оние што им пречи мастурбацијата или не.rnrn
rn
4. „Ова никогаш досега ми се нема случено“
rnПреран оргазам? Секому може да му се случи, но оваа постапка ги засрамува момците бидејќи тие се под притисок да издржат што подолго во сексуалниот однос, под влијание на општоприфатените социјални „правила и норми“ дека само оние што издржуваат долго се добри во кревет.rn
5. „Ти си најдобрата со која сум имал секс“
rnВо некои случаи тоа навистина е така, но многу често момците го кажуваат ова само за да ја зголемат самодовербата на своите партнерки помеѓу чаршафите. Но, тоа не треба да ви пречи бидејќи штом тој ве фали, тоа значи и дека нема никакви приговори и дека на крајот од односот и двајцата сте задоволени.rn
6. „Не можам повторно“
rnАко сте во долга и среќна врска, тогаш големи се шансите дека тој навистина не може повторно и не се срами да го признае тоа – вие сте го истрошиле со последниот однос. Но, ако станува збор за сексуални средби, пораката е многу јасна: Тој сака што побрзо да заврши вашата мала сексуална авантура и единствената потреба што ја имал таа вечер е да доживее оргазам, а тоа и го сторил и сега е подготвен да си замине.