КАФЕ ПАУЗА

Купки што ви се потребни за нега на рацете за време на ладните денови

Купки што ви се потребни за нега на рацете за време на ладните денови

Рацете први страдаат од промената на времето, па затоа им треба посебна грижа во текот на есента и на зимата. Штом ќе залади, кожата на рацете почнува да се суши и да станува погруба. Поради тоа, не е доволно само да ја навлажнувате кожата со крем, туку треба да правите и посебни купки за раце барем еднаш неделно.rnrnКупки што ви се потребни за нега на рацете за време на ладните деновиrn

Компири

rnОва е стар рецепт што го користеле нашите баби, но многу ефикасен. Ако варите компири, не фрлајте ја водата затоа што таа совршено го заменува кремот за раце. За да ги омекнете рацете, натопете ги во топлата вода каде што се вареле компирите.rn

Масло

rnОваа купка многу добро ја навлажнува и ја храни кожата бидејќи може да користите масло од праска, од јојоба, маслиново, бадемово или кокосово масло. Маслото треба малку да го загреете, а потоа да го турите во тенџере со вода и да додадете 1 лажица сок од лимон. Ставете ги рацете во течноста и чувајте ги 10 минути. На крајот, немојте да ги миете ги рацете со вода, туку дозволете ѝ на кожата да го впие маслото.rn

Парафин

rnВо есен и во зима, парафинските купки се особено потребни за да ја заштитите кожата од мраз и од ветер. Парафинот совршено ја навлажнува кожата, ја подобрува циркулацијата на крвта и го забрзува заздравувањето на малите пукнатини на кожата. Уште по првата постапка ќе забележите дека кожата на вашите раце ќе стане помека. За да ја подготвите купката, потребен ви е парафин кој ќе го топите на пареа. Пред постапката, потребно е да ја дезинфицирате кожата со лосион, да направите пилинг и да нанесете крем. Држете ги рацете во стопениот парафин околу 5-7 секунди, потоа тргнете ги и повторно вратете ги во парафинот. Повторете ја постапката 6-8 пати сè додека не се формира дебел слој парафин на рацете. Потоа ставете пластични нараквици, а на над нив памучни или фротирски нараквици. Почекајте 25 минути, а потоа отстранете го остатокот од парафинот и нанесете крем на рацете.rn

Глицерин

rnГлицеринската купка е многу корисна за домашна нега на кожата. Потребна ви е една лажица глицерин која треба да се разреди во два литри вода, а потоа додајте една лажица амонијак и една чаша чај од камилица. Ставете ги рацете да стојат во растворот околу 10-15 минути, а потоа без да ги бришете, намачкајте ги со хидратантен крем.rn

Целер

rnМалкумина знаат, но целерот исто така ја омекнува, ја навлажнува и ја храни кожата на рацете. Варете неколку мали корени целер во еден литар вода околу 30 минути. Потоа ставете ги рацете да стојат во течноста околу 20 минути.rnrnПрочитајте ги и овие основни правила за нега на кожата за време на ладните денови.