Сте решиле да организирате забава на отворено. Совршено сте ја средиле градината, сте приготвиле вкусна храна, сте поканиле многу пријатели и сте направиле пријатна атмосфера. Само едно нешто може да ја расипе ваквата прекрасна летна дружба: Голтката топло вино.rnrn
rnrnПа, што да направите? Ако ставите коцки мраз, виното ќе се разводни и ќе го изгуби вкусот кога ќе се стопи мразот. За среќа, постои еден трик што ќе ви помогне да го разладите виното и да го зачувате неговиот вкус. Освен тоа, благодарение на овој трик, чашата вино ќе изгледа прекрасно!rnrnСѐ што треба да направите е да додадете замрзнато грозје во чашата. Тоа веднаш ќе го разлади пијалакот без да го разводни. Ставете повеќе зрна грозје во замрзнувачот и искористете ги како алтернатива за коцки мраз.rnrnОва е одлична идеја и можете да ја искористите и за црвено и за бело вино.rnrn
rn
„Мразот е сосема во ред, но го развонува виното, а никому не му се допаѓа тоа. Замрзнатите зрна грозје го зачувуваат нивниот замрзнат сок и затоа доаѓа до сосема мало разводнување и менување на оригиналниот вкус“, објаснуваат винарите.
rnНајдобро е да ставите 2-3 замрзнати зрна грозје во чашата и да помешате малку. Веднаш ќе можете да го почувствувате ефектот!rnrnБонусот е тоа што откако ќе го испиете виното, а грозјето ќе се одмрзне, ќе можете да го изедете вкусното овошје.rnrnВо продолжение погледнете како да отворите шише вино со клуч.