Поголемиот дел од жените сакаат долга и здрава коса. Покрај шампоните, маските и редовното пострижување на краевите потребна е и соодветна исхрана која ќе ви обезбеди доволно минерали и стимулација за косата да расте побрзо. Па како да го постигнете ова? Прочитајте во продолжение…rnrn
rnrn
1. Лосос
rnЛососот во себе содржи незаситени Омега-3 масти кои ја зајакнуваат фоликулата на влакното и помагаат во брзото растење на косата. Исто така, во овој вид риба има голема количина витамин Б12 и железо кои ќе ја направат вашата коса поквалитетна.rn
2. Школки
rnШколките се златен рудник на цинк кој ќе направи вашата коса да има природен сјај. Тие не се баш за секого, поради интензивниот вкус, но експертите истакнуваат дека е добро барем одвреме-навреме да се консумираат.rnrn
rn
3. Пилешко месо
rnПилешкото месо содржи доста протеини и директно влијае на произведувањето на кератин – супстанца која создава 80% од содржината на влакната. Експертите советуваат дека покрај пилешкото месо добро е да се консумира и мисиркино месо.rn
4. Јајца
rnЈајцата ги содржат сите потребни елементи кои ѝ одговараат на косата, а помеѓу останатото и содржат и биотин. Станува збор за додаток на исхраната кој го регулира губењето на косата. Во јајцата има доста аминокиселини кои ѝ се потребни на косата за цврстина и побрзо растење.rnrn
rn
5. Бадеми
rnБадемите содржат витамин Е и активно влијаат на растот и јакнењето на влакната. Според советите од докторите на дневно ниво би требало да внесувате околу 30 грама бадеми.rn
6. Семки од тиква
rnСемките од тиква содржат витамини Б1, Б2, Б3 и Б4. Влијаат на растот на влакната и се препорачува секојдневно да се консумираат, особено ако имате проблеми со опаѓање на косата.rn
7. Леќа
rnЛеќата е добра поради железото. Супата од леќа е задолжителен дел од оброкот доколку планирате да ја пораснете или да ја зајакнете косата.rnrn