Според најновите истражувања, луѓето со една од крвните групи А имаат поголема веројатност да доживеат мозочен удар пред својата 60-та година во споредба со луѓето со други крвни групи.rnrn
rnrnКрвните групи ја опишуваат богатата разновидност на хемикалии прикажани на површината на нашите црвени крвни зрнца. Меѓу најпознатите се А и Б, кои можат да бидат присутни заедно како АБ и 0. Дури и во овие главни крвни групи, постојат суптилни варијации кои произлегуваат од мутациите во одговорните гени.rnrnОва истражување покажало и јасна врска помеѓу генот на подгрупата А1 и раниот мозочен удар.rnrnИстражувачите собрале податоци од 48 генетски студии, кои опфатиле приближно 17.000 луѓе кои имале мозочен удар и речиси 600.000 луѓе од контролната група која немала мозочен удар. Сите учесници биле на возраст од 18 до 59 години.rnrnИстражувањето покажало дека луѓето со крвна група А имале 16 проценти поголеми шанси да доживеат мозочен удар пред возраст од 60 години, во споредба со испитаниците со другите крвни групи.rnЗа оние од групата О1, ризикот бил за 12 проценти помал.rn
„Сè уште не знаеме зошто крвната група А би претставувала поголем ризик“, изјави еден од научниците кои учествувале во ова истражување, Стив Китнер од Универзитетот во Мериленд. „Но, тоа веројатно е поврзано со факторите на згрутчување на крвта, како што се тромбоцитите и клетките што ги обложуваат крвните садови, како и други циркулирачки протеини“, изјави тој.
rnМозочните удари кај помладите луѓе се со помала веројатност да бидат предизвикани од масни наслаги во артериите (процес наречен атеросклероза) и поверојатно е да бидат предизвикани од фактори поврзани со згрутчување, заклучиле авторите.rnrnОткако прочитавте која крвна група има поголем ризик од срцев удар, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те рани симптоми за срцев удар што се случуваат само кај жени.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr
