КАФЕ ПАУЗА

Која е разликата помеѓу белото и црното чоколадо?

Автор: Маја ЛинковаrnrnПовеќето луѓе сакаат чоколадо. Чоколадото е намирница на која ретко кој може да ѝ одолее. Всушност, чоколадото е најпопуларниот сладок производ во светот. Некои истражувања велат дека јадењето чоколадо може да ви го продолжи животот или да ви го подобри видот, други пак велат дека создава чувство како она кога се заљубуваме. Посакуваната слатка е позната по својата темнокафена боја, но исто така ја има и во бела боја. Која е разликата?rnrn0-koja-e-razlikata-pomegju-beloto-i-crnoto-chokolado-kafepauza.mkrnrnЦрното чоколадо се состои од какао путер, шеќер и какао во прав. За разлика од млечното кафено чоколадо, црното чоколадо не содржи млечни состојки.rnrnОд друга страна пак, белото чоколадо всушност не е чоколадо бидејќи не е направено од какао. Белото чоколадо се состои само од какао путер (масло од зрна од какао) измешан со млеко и шеќер. Се разбира тоа не значи дека белото чоколадо не е вкусно, напротив има многу поблаг вкус од црното чоколадо.rnrn1-koja-e-razlikata-pomegju-beloto-i-crnoto-chokolado-kafepauza.mkrnrnШто се однесува до здравјето, црното чоколадо ја има предноста. Луѓето кои конзумираат црно чоколадо имаат позитивни ефекти врз здравјето. Истражувањата покажуваат дека доколку јадете 40 грама црно чоколадо на ден, може да ви се намали нивото на хормоните кои предизвикуваат емоционален стрес и вознемиреност. Поради тоа што во зрната какао има висока содржина на флаванолни антиоксиданси, темното чоколадо има придобивки кога се во прашање кардиоваскуларните заболувања и го намалува високиот крвен притисок.rnrn2-koja-e-razlikata-pomegju-beloto-i-crnoto-chokolado-kafepauza.mkrnrnОд друга страна, белото чоколадо содржи многу шеќер и масти кои му штетат на здравјето. Но, бидејќи не содржи какао и нема кофеин, идеален е за оние кои не конзумираат производи со кофеин.rnrnОбично се препорачува да се консумира чоколадо со 70% какао маса за да има поголем ефект. Но, тоа не значи дека чоколадите со помал процент на какао немаат никаков ефект. Конзумирајте по неколку коцки чоколадо на ден. Ќе забележите дека тоа ви е од голема корист за вашиот организам.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.