Луѓето потсвесно градат ѕидови околу себе да се заштитат од болка. Но, од друга страна, ѕидовите ги спречуваат да даваат или примат љубов. За некои луѓе велиме дека се ладни и затворени затоа што не ја чувствуваме нивната топлина, а не ја чувствуваме бидејќи токму овие ѕидови нè спречуваат да допреме до нивното срце. Ова се знаците кои укажуваат дека личноста има проблем да ги изрази и покаже своите емоции.rnrn
rn
1. Не можеме јасно да ги прочитаме
rnТаквите луѓе често испраќаат збунувачки пораки до другите. Понекогаш изгледаат заинтересирани, понекогаш ладни. Тие се заинтересирани да дознаат нешто за вас, или барем така изгледа, но ретко зборуваат за себе. Во еден момент се чини дека сакаат да се посветат на продлабочување на врската, а во следниот исчезнуваат. Тешко е да ги сфатите нивните намери и желби, па се чувствувате збунети. Емотивно отворената личност ќе ги каже своите намери и ќе постапи соодветно на тоа.rn
2. Не ги земаат предвид вашите чувства
rnТие се плашат од емоциите и никогаш не се прашуваат како се чувствувате. Понекогаш се чини дека светот се врти само околу нив.rn
3. Не сакаат подобро да ве запознаат
rnЕмоционално недостапните луѓе не сакаат и не можат да влезат во подлабоки односи со луѓето. Дури и во пријателствата, тие ќе се држат до секојдневните тривијалности, а не на какви било теми што би можеле да покажат како се чувствуваат.rn
4. Не сакаат да зборуваат лице в лице
rnТие избегнуваат контакт со очи и не претпочитаат физички контакт или прегратки. Наместо тоа, тие претпочитаат да пишуваат пораки или мејлови бидејќи технологијата им дава чувство на сигурност и претставува виртуелна граница меѓу нив и вас, поради што не мора да се отвораат и да ги покажат своите вистински емоции.rn
5. Ладни се и далечни
rnТакви се затоа што немаат доверба кон луѓето и во секој контакт со другите гледаат потенцијална опасност од предавство. Затоа, за да се заштитат од болка тие градат ѕидови околу себе.rnrnОткако прочитавте за знаците кои укажуваат дека одредена личност е емотивно недостапна, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да ги апсорбирате туѓите емоции и енергии.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
