Колку и да се трудат, некои луѓе едноставно не можат да напредуваат поради своите недостатоци. Надредените не ги сакаат ваквите личности, а погледнете кои се седумте најчести видови луѓе што ги има во секоја работна околина.rnrn
rn
1. Озборувачи
rnОвие личности постојано бараат информации за личниот и за професионалниот живот на колегите, а потоа ги споделуваат со останатите. Тие го поминуваат поголемиот дел од времето зборувајќи, а не работејќи, а колегите не им веруваат и се скептични кон нив.rn
2. „Да, да, може“ личности
rnОвие луѓе се совршени работници, никогаш не велат „не“ и не се жалат. Тие се љубезни, но не го кажуваат тоа што го мислат. Овие вработени немаат менаџерски вештини, така што надредените не можат да се потпрат на нив.rn
3. Вкочанети
rnСпротивно на претходните личности, овој вид луѓе одбиваат нови задачи. Тие го сакаат тоа што го прават и сакаат тоа да остане така. Не сакаат нови идеи и иновации и инсистираат на тоа дека сите треба да се придржуваат кон утврдените правила.rnrnНа овие личности им е тешко да стекнат доверба во својот тим и не им веруваат на луѓето, а тоа ги спречува да работат најдобро што можат.rn
4. Жртви
rnБез оглед на улогата на жртва, овие личности сметаат дека ништо од тоа што им се случува на работа не е поради нивна вина. Ваквите вработени не ја преземат одговорноста за пропуштени рокови и за грешките и најчесто ги обвинуваат другите колеги. Тие мислат дека правилата не важат за нив и обично тимот ја губи довербата во нив.rn
5. Личности што се прават паметни
rnОвие личности мислат дека се најпаметни и слепо се држат до своите верувања. Ако нешто не е направено како што треба, тоа е така затоа што останатите не се придржувале до нивниот план. Овие личности можат да бидат арогантни во меѓучовечките односи и за време на состаноците, но тие мислат дека се шармантни.rn
6. Личности што постојано се лутат
rnОвие личности не знаат да се контролираат, склони се кон нестабилно однесување во канцеларијата и имаат проблеми со управувањето со меѓучовечките односи. Нивните емоции постојано излегуваат на површина, а тоа вознемирува многумина.rn
7. Политичари
rnИако амбицијата (и планот за манифестирање на таа амбиција) се важни за секоја кариера, овие личности ја прикажуваат таа амбиција на поинаков начин. Целта на нивната кариера е стигнување до врвот и тие ќе го сторат тоа на кој било начин. Овие личности си ги припишуваат заслугите што не се нивни и за време на состаноците ги повторуваат информациите за да се направат попаметни.rnrnПрочитајте ги овие трикови како да преговарате за повисока плата.