Го поминавте интервјуто за работа, работодавачот е задоволен со вас, но останува уште една ставка, а тоа е платата. Секогаш деликатна тема за разговор, веројатно и најнепријатната, каде што работодавачот секогаш се труди да помине подобро, а тоа значи дека вие добивате помалку пари. И вашата цел е да поминете подобро, па ако треба да преговарате за повисока плата, овие седум психолошки трикови ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rn
1. Дозволете му на работодавачот прв да понуди
rnДодека работодавачот не спомне за тоа, не спомнувајте ни вие.rn
2. Не се распрашувајте многу за просечната плата
rnВеројатно имате информации за просечните плати во таа компанија уште пред да отидете на интервју. Секоја компанија има финансиски лимит што ќе го потроши за вас, а секогаш ќе ви понудат помалку, но ако вие ја спомнете највисока бројка што работодавачот ја има замислено, тогаш сте елиминирани. Поради тоа, бидете тивки и дискретни додека ја истражувате финансиската моќ на компанијата.rn
3. Подобро е да кажете приближна бројка, отколку директна цифра
rnСекогаш започнете со „би се согласил на плата помеѓу толку и толку“, отколку „нема да работам за помалку од таа сума“. Тоа остава подобар впечаток, имате основа за преговори, ќе ја видите реакцијата на работодавачот и сè уште сте во предност затоа што испраќате позитивни сигнали за продолжување на преговорите.rn
4. Кажете необичен и закружен број
rnЕкспертите откриваат дека е многу подобро да користите необични или непарни броеви, па кога вашиот работодавач ќе ве праша за колкава сума би се согласиле да работите, подобро речете 950 евра наместо 1.000 евра. Притоа, секогаш имајте го предвид бројот три.rn
5. Користете ја можноста за контрапонуда
rnАко работодавачот ве праша дали би се согласиле со месечна плата од 1.000 евра, вие кажете 1.200. Но, оваа можност можете да ја искористите само еднаш. Ако тој во рече 1.100 евра, прифатете ја понудата.rn
6. Изгледајте возбудено, но не премногу
rnТреба да покажете ентузијазам и задоволство, но ако претерате, ќе изгледате како да сте излегле од екстремен очај. Работодавачот секогаш сака личност која е подготвена и сериозна во врска со намерите.rn
7. Секогаш кажувајте ја точната плата што сте ја земале на претходното работно место
rnОвие работи можат многу лесно да се проверат, а на никој не му е потребен лажго во работното опкружување. Освен тоа, сигурно не сакате да ја започнете новата работа со ставка „лажеше во биографијата“.rnrnБонус совет: Имајте доза на ароганција во ставот. Не е важно дали вашата плата ќе биде подобра, а вашата позиција полоша или обратно од претходното работно место – подгответе се однапред и секогаш директно кажувајте што сакате.rnrnПогледнете која боја на облека треба да ја носите на интервју ако сакате да ја добиете работата.