Ви здодеа постојано да зјапате во екранот на вашиот лаптоп или телефон? Преку глава ви е од монотоните, бели ѕидови на вашата канцеларија? Дали знаевте дека кампувањето и бегството во природа можат значително да го подобрат вашето ментално здравје, вашето расположение, но и вашиот метаболизам? Во продолжение прочитајте за благодатите на кампувањето врз физичкото и менталното здравје.rnrn
rn
Ги намалува стресот и анксиозноста
rnНамалувањето на стресот и анксиозноста е еден од најчестите ефекти од кампувањето. Кога сте надвор во природа вашата склоност кон претераното размислување исчезнува, а со тоа исчезнуваат грижата и нервозата. Истражувањата покажале дека кампувањето може значително да придонесе за вашата благосостојба.rn
Го подобрува расположението
rnПреку намалувањето на стресот и зголемувањето на нивото на сератонин, кампувањето помага да се подобри расположението. Како резултат на тоа, се чувствувате посреќно и опуштено. Освен тоа, умерената изложеност на сончева светлина придонесува за балансирање на нивото на мелатонин што помага да се чувствувате помалку депресивни и уморни.rn
Поголема физичка активност
rnБез разлика дали ќе се вклучите во какви било физички активности на отворено или само ќе се опуштите и ќе уживате во близина на вашиот шатор, нема сомнеж дека ќе треба да бидете физички активни. Студиите покажале дека физичките активности кои се поврзани со кампувањето претставуваат одличен начин за справување со недостатокот на активности и болестите кои можат да произлезат како резултат на ваквата состојба. Освен тоа, здравствените придобивки на кампувањето вклучуваат и:rn
- rn 011
- Намалување на крвниот притисок
- Подобрување на функциите на имунолошкиот систем
- Подобрување на метаболизмот
- Намалување на ризикот од респираторни проблеми
- Подобрување на здравјето на срцето
- Посилни мускули и коски
- Намалување на депресијата
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnОткако прочитавте за здравствените придобивки од кампувањето, можеби ќе сакате да прочитате и како да го пронајдете внатрешниот мир.rnrnИзвор: themindsjournal.com