КАФЕ ПАУЗА

Кои се најважните елементи на исполнетиот живот?

Кои се најважните елементи на исполнетиот живот?

Written by

in

,

Запоставениот живот е живот без цел и без смисла. Тоа е живот во кој човекот не чувствува дека прави нешто значајно, а, од друга страна, исполнетиот живот е живот во кој имаме и цел и смисла. Тогаш можеме да одговориме на прашањето „зошто постоиме“ и знаеме зошто правиме нешто. Токму во тоа се состои среќата.rnrnКои се најважните елементи на исполнетиот живот? rn

Кое е значењето на зборовите „смисла“ и „цел“?

rnЦелта е концептот преку кој можеме да одговориме „зошто постоиме“. Тука влегуваат нашето влијание врз другите околу нас, придонесот што го даваме и белегот што го оставаме. Целта е во согласност со нашите основни верувања и се манифестира преку нашиот однос кон светот во кој живееме. Потешко е да се отелотвори и препознае.rnrnОд друга страна, смислата е концепт кој се однесува на нас како поединци. Условно кажано, тоа е одговорот на прашањето „зошто правиме нешто“.rnrnСмислата е перцепцијата на важноста што ја придаваме на нештата кои ги правиме. Таа е поврзана со нашата мотивација и нашиот потенцијал и како таква, полесно е да се препознае.rnrnСмислата, условно, е патот, а целта е насоката во која чекориме. Во текот на животот, смислата на она што го правиме може да се промени и да се прилагоди на новите околности, а целта е она кон што се стремиме во животот.rnrnНа крајот од животот, можеме да си кажеме дека нашиот живот има цел, ако ја најдеме во текот на животот. Исто така, можеме да правиме различни работи кои ни се значајни, но тоа не мора да значи дека ќе најдеме цел во животот.rnrnЛу Мариноф, канадски филозоф, ни дава два примери во неговата книга „Платон, а не Прозак“.rnrnКога сме во ресторан, целта на менито е да ни даде информации за тоа што можеме да јадеме. Меѓутоа, ако менито е напишано на јазик што не го разбираме, тогаш тоа мени нема смисла за нас. Спротивно на тоа, ништо не ни значи тоа што разбираме странски јазик ако немаме мени.rnrnКога патуваме, целта на мапата е да ни даде информации за тоа каде се наоѓаат местата кои сакаме да ги посетиме. Меѓутоа, ако користиме мапа, а не сакаме да патуваме, тоа нема да ни има никаква смисла. Спротивно на тоа, ништо нема да ни значи тоа што сакаме да патуваме ако немаме мапа.rnrnЛуѓето можат да живеат со или без цел и смисла.rnrnСознанието за неискористениот потенцијал ни покажува дека сме ја препознале целта на нашиот живот, но продолжуваме да го живееме бесмислено. Ова значи дека постои потенцијал да се подобриме на подобро.rnrnОд друга страна, самодоволност е кога сме задоволни со она што го правиме и ја чувствуваме смислата на емотивен план, но не можеме да препознаеме која е целта на нашиот живот.rnrnИсполнет живот, пак, е живот во кој имаме и цел и смисла. Тогаш можеме да го одговориме прашањето „зошто постоиме“ и знаеме „зошто правиме нешто“. Токму во тоа се состои среќата.rnrnОткако прочитавте за смислата и целта во животот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 7-те необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смисла.rnrnИзвор: atma.hr