КАФЕ ПАУЗА

Најпопуларниот модел на здолниште што ќе се носи ова лето

Здолништата отсекогаш биле совршени за дневните модни комбинации, бидејќи не само што прават да изгледаме женствено, туку тие исто така и нè полнат со самодоверба. Од друга страна пак, нема подобар избор од нив за летните горештини, па со оглед на тоа дека времето постојано се затоплува, време е да дознаеме кој модел ќе биде најпопуларен во текот на ова лето.rnrn rnrnВинтиџ моделите постојано се враќаат во мода, а овој пат, на врвот на листата се искачи тексас здолништето што може да се забележи насекаде околу нас. Најдоброто кај овие здолништа е што можете да ги носите во текот на целата година, а и фактот дека одлично изгледаат буквално во секоја должина.rnrn rnrnПокрај тексасот, имаме можност да видиме и лесни, лелеави материјали, па нема да згрешите ни ако одберете нешто во овој стил. Од друга страна пак, ако сте љубителки на здолништата со преклоп, и тие повторно се враќаат во мода – особено затоа што на фигурата ѝ додаваат совршени облини. За девојките со дамски стил, и миди здолништата сè уште се во тренд.rnrn