Психолозите секојдневно се сретнуваат со милениумците кои имаат низа прашања на кои немаат одговори: „Дали тоа е тоа што го сакам?“, „Како моите родители во овие години го имале сето тоа?“. Издвоивме неколку причини поради кои милениумците се упатуваат на терапија кај психолог.rnrn
rn
1. Неодлучни се
rnОваа генерација е прилично неодлучна. Изгледа дека некои сосема банални работи го програмираат животот на оваа генерација. На пример, тие се сосема сигурни до завршувањето на факултетот, бидејќи дотогаш целиот живот им се движел по однапред одредена патека. До дваесет и некоја година тие биле насочувани, така што со вистинските одлуки се соочуваат многу покасно. rnrnКога ќе дојде време за донесување важни одлуки како што се промена на работното место или потреба љубовната врска да премине на следното ниво, тие имаат страв дека нема да ја донесат вистинската одлука. Заради ова доаѓа до одложување на животните одлуки за подоцна.rnrnБидејќи не постои формула за среќа, односно еден исправен пат, психолозите им помагаат на овие личности да сознаат што тие навистина сакаат. Еден начин да се надмине тоа е да сфатат што ги прави среќни.rn
2. Тешко кажуваат „НЕ“
rnОваа генерација не знае како да им каже „НЕ“ на своите родители, подоцна на наставниците, професорите, па шефови и така натака. Психолозите сметаат дека ова е резултат од стравот некој да не се разочара во нив, започнувајќи од родителите кои секогаш имале високи очекувања.rnrnОд овие причини оваа генерација не знае да каже „НЕ“, туку за тоа користат формулации како што се „Не сум сигурен/на во овој момент, ќе ви се јавам наредната недела“, „Не знам дали имам доволно време за да се посветам на тоа“… Психолозите велат дека учењето да се кажува „НЕ“ е исто како кога децата учат да чекорат – малку по малку. Вежбањето е најдобриот начин.rnrn
rn
3. Се прашуваат дали некогаш ќе бидат финансиски самостојни за да започнат живот со партнерот
rnЕкономската состојба во нашата земја доведува до тоа поголемиот дел од младите да останат да живеат со своите родители до доцните дваесетти или раните триесетти. Така тешко стануваат финансиски самостојни, што понатаму доведува до тоа тешко да се одлучат на заеднички живот со партнерот.rnrnЕдинствен начин да се надмине ова е да се разговара отворено со својот партнер во врска со финансиските очекувања.rn
4. Анксиозноста ги спречува да се опуштат
rnМилениумците се изложени на голема количина стрес, а немаат способност да управуваат со него. Тоа создава анксиозност – вознемиреност и загриженост без реална причина.rnrnПреголемата количина информации на кои се изложени доведува до тоа да не знаат да го разделат важното од неважното. Заради ова се многу често исклучени. За да се изборат со овој проблем, неопходно е да научат како да управуваат со стресот, како да ги канализираат негативните мисли и од сето тоа да излезат посилни.rnrnПрочитајте и зошто милениумците никогаш нема да пораснат.