Врските на далечина се тешки, но уште потешко е ако треба да одржувате контакт со вашиот најдобар пријател кој се преселил во друга земја, илјадници километри оддалечена од вашата. Секако дека можете редовно да се слушате преку Скајп и да комуницирате преку пораки, но не е исто чувството кога знаете дека не можете да запалите автомобил и да го видите секогаш кога ќе посакате. Доколку се наоѓате во слична ситуација и имате пријател или пријателка кои живеат во странство, ова се 6-те работи што ќе ги научите со текот на времето…rnrn
rn
1. Ќе знаете да ги пресметувате временските зони како вистински професионалци
rnСигурно ќе ја знаете разликата во часовите помеѓу вас и вашите пријатели во кое било време. Секогаш ќе знаете кога треба да се разбудат, кога спијат и дали треба да чекате за да си дојдат од работата. И тие го прават истото за вас. Временските зони се напорни, но и интересни истовремено.rn
2. Видео повиците се неверојатен изум
rnЌе мислите дека Скајп, Вајбер и другите апликации што овозможуваат видео повици се најдобрите изуми некогаш измислени! Кога веќе имате само 5 минути за да разговарате со вашите пријатели, сигурно ќе сакате да им го видите лицето. Понекогаш ќе го оставате Скајпот вклучен додека учите или работите, само за да добиете чувство дека сте во истата просторија.rn
3. Ќе бидете осамени
rnЌе гледате фотографии од други друштва и ќе бидете тажни поради тоа што вашите пријатели не се во близина за да се сликнете и да објавите интересна фотографија на Инстаграм. Но, по некое време ќе сфатите дека вашето пријателство е многу поголемо од една обична објава на социјалните мрежи.rnrn
rn
4. Праќањето работи по пошта е многу скапо
rnСакате да му испратите пакет на вашиот пријател во странство? Подгответе се да издвоите некој денар плус за пратката. Меѓународното праќање пакети по пошта е многу скапо, но целиот трошок вреди за моментот кога ќе го видите насмеаното лице на вашиот пријател поради тоа што сте се сетиле на него.rn
5. Караниците се уште потешки
rnСите пријателства минуваат низ убави и лоши периоди, но кога пријателите не се тука, ситуацијата уште повеќе се комплицира. Со оглед на тоа што вашата комуникација ќе се сведува на пораки, многу ќе ви биде тешко да го разберете тонот со кој се кажани работите. Тоа може да доведе до уште повеќе караници и уште потешко ќе ви биде да го решите проблемот.rn
6. Далечината ќе го зацврсти вашето пријателство
rnИако вашите најдобри пријатели живеат илјадници километри оддалечени од вас, сепак животот не би ви бил ист без нив. Ќе сфатите колку сте среќни што сте се запознале и што можете да ги споделувате сите ваши убави и лоши моменти. Километрите нема да ги оддалечат вашите срца кои секогаш ќе останат блиску едно до друго, сплотени во нераскинлива целина.rnrnДоколку имате пријателство на далечина, прочитајте ги овие 6 начини да го зачувате и покрај километрите помеѓу вас.