Рециклирањето е одличен начин не само да ја заштитите околината туку и да го збогатите декорот во вашиот дом. Сè што ви треба е трпение, доза креативност и желба за „направи сам“ авантура. Земете куп конзерви кои наместо да ги фрлите во корпата за отпадоци ќе им најдете место во вашиот дом.rnrn
rnrnЕве што сè може да направите со старите конзерви.rnrn1. На една дрвена даска со помош на шајки закачете неколку конзерви кои ќе ви послужат за чување дрвени лажици, ножеви и сличен кујнски прибор. Доколку етикетата на конзервата се совпаѓа со боите на вашата кујна воопшто не мора да ја одлепувате.rnrn
rnrn2. Исто, конзервите може да ги искористите како држачи за шишиња вино во кујната. Обојте ги во бои по ваш избор, исечете го задниот дел и добро прицврстете ги една со друга.rnrn
rnrn3. Или пак, одберете една даска и 6 конзерви со еднаква големина. Обојте ги и даската и конзервите во една боја и прицврстете ги конзервите за даската со помош на шајки, како што е прикажано на сликата. Може да додадете држач за приборот како и налепници на секоја од конзервите зависно од тоа дали тука ќе чувате лажици, виљушки, ножеви и др.rnrn
rnrn4. Средете го приборот на вашите деца со помош на стари конзерви. Прикачете ги конзервите со магнет на метална површина и селектирајте го приборот за боење или играчките на вашите деца. Креативно, нели?rnrn
rnrn5. Со помош на ниски конзерви, уредете ја вашата работна фиока, категоризирајќи го приборот што го употребувате секојдневно.rnrn
rnrn6. Конзервите може да ви послужат и за уредно чување на вашите аксесоари. Прицврстете неколку конзерви една за друга и со помош на дебел конец или парче материјал заврзете ги и прикачете ги на вратата или плакарот. Во секоја од конзервите може да ги чувате вашите марами, на пример.rnrn
rnrn7. Откако средивте сè во вашиот дом, време е да ѝ се посветите на вашата градина. Доколку сте љубители на цвеќиња, зеленчуци и овошја и ги одгледувате во вашиот двор, конзервите може да ви помогнат уредно да ги чувате семињата и коренчињата.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.