КАФЕ ПАУЗА

Кои прашања треба да си ги поставувате секој ден за позитивен пристап кон животот?

Кои прашања треба да си ги поставувате секој ден за позитивен пристап кон животот?

Written by

in

,

Доколку денот по утрото се познава, тогаш ви предлагаме утринска рутина која се состои од неколку прашања и која ќе ви помогне да воспоставите позитивен пристап кон животот.rnrnКои прашања треба да си ги поставувате секој ден за позитивен пристап кон животот?rn

На кој начин денес би можело да се истакне моето автентично „јас“?

rnКога живееме на начин кој не се спротивставува на нашата автентична природа тогаш живееме во согласност со нашите верувања и вредности. Тоа значи дека го живееме животот како што сакаме, дури и тогаш кога се соочуваме со неволји. Ова чувство на присебност и сигурност ни дава храброст и решителност да ги правиме нештата онака како што ние посакуваме.rn

Како можам да го живеам овој момент?

rnАко продолжиме да живееме така што постојано ќе се грижиме за иднината или постојано се жалиме за минатото, го пропуштаме благословот што се нарекува „сегашност“. Ова сознание ќе влијае поволно и врз нашата емоционална благосостојба.rn

Како можам да ги направам работите подобро од вчера?

rnДа не заборавиме дека не само што треба да бидеме свесни за сегашниот момент туку и треба да преземаме целосна одговорност за нашите постапки во минатото. Така, наместо да се фокусираме на нашите грешки, мораме да го насочиме нашето внимание кон начинот на кој би можеле да ги исправиме.rn

Што ме прави среќен/а?

rnКога последен пат размислувавте за вашата среќа? Дали секогаш ги ставате другите на прво место? Добро е да бидете сочувствителни и грижливи кон другите, но не заборавајте и на себе. Секој ден обидувајте се да смислите најмалку 3 работи што би можеле да ве усреќат.rn

Како можам да ја изразам мојата љубов кон оние што ги сакам?

rnНе заборавајте и дека одвојувањето време за вашите најблиски е одличен начин да ја покажете вашата љубов кон нив. Освен тоа, секогаш кога преземате иницијатива да ги усреќите другите, нивната радост влијае позитивно врз вашето емоционално здравје.rnrnОткако прочитавте за нашиот предлог за утринска рутина, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја зголемите самодовербата преку овие утрински позитивни мисли.rnrnИзвор: themindsjournal.com