КАФЕ ПАУЗА

Кои „нездрави“ намирници и не се толку опасни за консумирање пред или по тренингот?

Кои „нездрави“ намирници и не се толку опасни за консумирање пред или по тренингот?

Кога станува збор за одржување на совршената тежина и тренирањето, повеќето луѓе сметаат дека треба да се одбегнуваат мастите и јаглехидратите. Но, науката вели дека тоа не е баш така. Иако прекумерното внесување на масти и јаглехидрати не е добро за ничиј организам, истражувањата покажале дека не е опасно да се јаде некоја „нездрава“ храна пред или после тренинг.rnrnКои „нездрави“ намирници и не се толку опасни за консумирање пред или по тренингот?rn

Брза храна

rnМногумина се обидуваат да ги избегнат вкусните хамбургери, помфритот и пржената храна. Меѓутоа, истражувањата покажале дека кај оние испитаници кои консумирале протеински плочки и оние кои јаделе брза храна, ефектот врз организмот бил речиси ист.rn

Сладолед

rnВашиот омилен сладолед може да ви помогне така што ќе го забави процесот на разградување на протеините во телото. Најдобро би било да го јадете веднаш по тренингот, но не претерувајте.rn

Чоколадно млеко

rnЧоколадното млеко е совршена комбинација на протеини и јаглехидрати, кои ќе ви помогнат да го обновите мускулното ткиво и да го подготвите вашето тело за следниот тренинг. Едно истражување покажало дека пиењето чоколадно млеко 30 минути по тренингот и два часа подоцна го намалува ризикот од оштетување на мускулите.rn

Печива

rnЈаглехидратите можат да бидат одличен извор на брза енергија пред тренинг, но и одличен избор по тренингот. Тост со мармалад или со путер од кикиритки е синоним за совршена закуска.rn

Путер

rnМногумина ги избегнуваат и мастите. Но, консумирањето путер (секако, во нормални количини) пред тренинг ќе ви даде енергија. Не заборавајте и дека мастите се важна храна за мозокот.rnrnОткако прочитавте кои „нездрави“ намирници можете да ги консумирате пред или после тренинг, можеби ќе сакате да прочитате и како прескокнувањето оброци може да му влијае на организмот.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr