5 огромни грешки кои сигурно и вие ги правите по 9 часот навечер

Сподели

За многумина вечерните часови се чиста утопија. Но, што се случува со оние кои патат од несоница и не можат да заспијат до изгрејсонцето? И покрај тоа што сигурно за вашите маки ги обвинувате месечината и ѕвездите, стресот или нешто сосема друго, за повеќето проблеми со несоницата најчесто сме самите криви. Погледнете на кој начин и како да го спречите тоа…

Реклама

rn

1. Обилна вечера

rnГолемината на вечерата може да влијае врз квалитетот на вашиот сон како и врз неговата континуираност. По обилна вечера, често се случува луѓето кога ќе се разбудат сабајле да се чувствуваат како воопшто да не спиеле. Најдобриот начин да го спречите тоа е доколку имате пообилен појадок, а полесна вечера со цел да го стабилизирате нивото на шеќер во крвта и на тој начин да го подобрите квалитетот на вашиот сон.rn

Реклама

2. Кој е онлајн?

rnПроверувањето на нотификациите може многу да влијае врз вашата будност. Доколку навечер се изложувате на екраните од мобилниот, таблетот или лаптопот и ги проверувате пораките од вашите пријатели или мејловите поврзани со вашата работа, големи се шансите дека тие ќе го разбудат вашето тело и ќе ви го избркаат сонот. Зарем навистина не можете да почекате до утрото за да ги проверите нотификациите?rn

3. Уште една пијачка

rnМалата количина алкохол може да ви помогне да се опуштите по стресен ден на работа, но внимавајте да не претерате. Доколку испиете повеќе чаши алкохол, тие ќе ве држат будни до доцните вечерни часови и следниот ден нема да можете да функционирате добро. Најубаво би било доколку целосно го исфрлите алкохолот, но ако не сакате, не заборавајте да пиете по една чаша вода по секоја пијачка. Исто така, доколку сакате убаво да се наспиете, погрижете се последната чашка да ви биде 3 часа пред да си легнете.rn

4. Караница

rnКараниците во вечерните часови можат да предизвикаат несоница како и проблеми со сонот во текот на целата вечер. Доколку не сакате цела ноќ да се вртите во вашиот кревет, решете ја расправијата вечерта или пак, воопшто не ја почнувајте и почекајте барем до утрото.rn

Реклама

5. Витамини

rnНа крајот од денот, кога целиот организам забавува и се подготвува за вечерниот одмор, не е добра идеја доколку земате какви било додатоци на исхраната. Витамините ќе ја зголемат вашата енергија, па токму затоа најдобро е да ги земате наутро, наместо во вечерните часови.

Најново

Може ќе ве интересира