Истражувањата покажале дека одредена храна може да придонесе за појава на акни. Ова може да се должи на нивните ефекти врз појавата на воспаление или одредени хормони кои влијаат на развојот на акните.rnrn
rnrnАкните се честа состојба на кожата која се среќава кај речиси 10% од светската популација. Многу фактори придонесуваат за развој на акни, вклучувајќи производство на себум и кератин, бактерии кои предизвикуваат акни, хормони, блокирани пори и воспаление.rnrnНеодамнешните истражувања покажале дека исхраната може да игра значајна улога во развојот на акните. Во продолжение прочитајте кои намирници можат да го зголемат ризикот од појава на акни.rn
1. Рафинирани житарки и шеќери
rnЛуѓето со акни имаат тенденција да консумираат повеќе рафинирани јаглехидрати од луѓето со малку или без акни. Храна богата со рафинирани јаглехидрати вклучува:rn
- rn 011
- леб, крекери, житарки или десерти направени со бело брашно
- тестенини направени со бело брашно
- бел ориз и тестенини од ориз
- газирани сокови и други пијалаци засладени со шеќер
- засладувачи како шеќер од трска, јаворов сируп, мед или агава
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnЕдна студија покажала дека честото консумирање на храна богата со шеќер или масти е поврзано со 54% поголеми шанси за појава на акни, додека засладените пијалаци се поврзани со 18% поголеми шанси. Овој зголемен ризик може да се објасни со ефектите на рафинираните јаглехидрати врз шеќерот во крвта и нивоата на инсулин. Рафинираните јаглехидрати брзо се апсорбираат во крвотокот, што брзо го зголемува нивото на шеќер во крвта. Кога шеќерот во крвта се зголемува, нивото на инсулин, исто така, се зголемува за да помогне во исфрлањето на шеќерот во крвта надвор од крвотокот и во вашите клетки. Сепак, високите нивоа на инсулин може да бидат поврзани со неколку негативни исходи, вклучувајќи дијабетес, срцеви заболувања и акни.rn
2. Брза храна
rnАкните се силно поврзани со исхраната богата со калории, масти и рафинирани јаглехидрати. Брзата храна како што се хамбургери, виршли, помфрит, газирани пијалаци и милкшејкови, може да го зголеми ризикот од појава на акни. Една студија покажала дека исхраната со многу маснотии е поврзана со 43% зголемен ризик од развој на акни. Редовното јадење пржена храна го зголемил ризикот за 17%.rn
3. Чоколадо
rnНеколку неформални истражувања го поврзуваат јадењето чоколадо со зголемен ризик од појава на акни, но тоа не е доволно за да се докаже дека чоколадото предизвикува појава на акни. Едно истражување покажало дека мажите склони кон акни кои консумираат 25 грама темно чоколадо дневно имале зголемен број на акни по само 2 недели. Друга студија од 2014 година покажала дека мажите на кои им биле дадени капсули од 100% какао во прав дневно имале значително повеќе акни по 1 недела во споредба со оние на кои им било дадено плацебо. Сè уште останува нејасно зошто чоколадото може да ги зголеми акните, иако една студија покажала дека јадењето чоколадо предизвикува лупење на кожата и зголемено присуство на бактерии што може да придонесе за појава на акни.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да придонесат за појавата на акни, можеби ќе сакате да прочитате и како да го користите маслото од јојоба за третман на акни.rnrnИзвор: healthline.com
