Доколку се соочувате со ваков вид болка во десната страна од стомакот, треба да откриете дали таа е постојана и долготрајна или е ненадејна и остра. Но, прво треба да ги откриете вашите симптоми.rnrn
rn
Осознајте ја болката
rnЛегнете и посветете некое време да ги откриете вашите симптоми. Причините за болките во стомакот од десната страна може да бидат многу нејасни, но одредени специфичности може да му помогнат на вашиот доктор да ја утврди вистинската дијагноза. Запрашајте се колку време чувствувате болка, односно, кога таа започна? Дали интензитетот на болката е постојан или се појавува повремено? Дали ве буди од сон? Дали болката е остра или поднослива? Дали се менува при движење? Што правите за да се чувствувате подобро?rn
Не паничете
rnКоја било болка може да ве наведе да го помислите најлошото, но докторите уверуваат дека повеќето предизвикувачи најчесто се бенигни и привремени, а причината може да биде истегнат стомачен мускул, гас или лошо варење. Сепак, отидете кај вашиот лекар ако сте загрижени, но во меѓувреме, земете длабок здив и обидете се да не бидете под стрес.rn
Не ја игнорирајте болката ако…
rnЧовечката анатомија е комплексна и има многу потенцијални причини за болка во стомакот од десната страна – некои од нив се многу сериозни. Дел од нив може да бидат предизвикани од проблеми со гастроинтестиналниот или репродуктивниот систем и уринарниот тракт. Корисно е ако ги согледате сите можни проблеми.rnrn
rn
Лошо варење
rnВашата болка може да биде последица од лошото варење ако јадете премногу брзо, пиете алкохол или јадете храна богата со киселини. Проблемот во тој случај не е сериозен и болката сама ќе се повлече, но ако таа трае подолго од две недели мора да го посетите вашиот лекар.rn
Грч во мускулите
rnАко претерате со вашите кардио-вежби или трчате премногу, тоа може дополнително да ја ангажира дијафрагмата, па да се појави и болка. Докторите советуваат да забележите дали таа се повлекува кога ќе ги оптегнете рацете над главата. За да ја избегнете болката, следниот пат пред вежбање скокајте за да го истегнете вашиот респираторен систем.rn
Болката може да биде предизвикана од хернија (кила)
rnАко сте кревале тегови во теретана или пак тешки работи низ домот, можеби сте добиле хернија – состојба во која некое ткиво или орган се испакнува низ ѕидот од мускулот. Херниите исто така можат да се појават поради прекумерна тежина, а некои дури се и наследни. Симптомите вклучуваат болка при кревање, постојана болка во стомакот, а мажите може да забележат испакнатост во пределот на препоните. Во тој случај потребно е да одите на операција.rn
Може да биде предизвикана и од воспаление на слепото црево
rnКога имате болки во стомакот од десната страна, слепото црево е најчестиот причинител, бидејќи болката е на точната локација во орган сличен на цевка која е прицврстена за дебелото црево. Според докторите, ако станува збор за воспаление на слепото црево, болката обично започнува околу папокот, а потоа се движи кон долниот десен дел од стомакот. Не обвинувајте се себеси. Ништо не можете да направите за да го избегнете тоа, бидејќи според специјалистите, нема специфичен предизвикувач на воспаление на слепото црево. Веднаш отидете кај вашиот лекар бидејќи ако ја толерирате болката подолго време, слепото црево може да пукне.rnrnБолката во стомакот не смее да се игнорира, а може да биде симптом и за други болести како: циста во јајниците, вонматерична бременост, камен во бубрезите или жолчката и многу други состојби и болести. Ако болката е проследена и со повраќање веднаш отидете во болница.rnrnДоколку сакате да се ослободите од болките практикувајте ја оваа античка јапонска метода која ги елиминира сите болки.