КАФЕ ПАУЗА

Кога мажите се чувствуваат најсреќно?

Кога мажите се чувствуваат најсреќно?

Според едно ново британско истражување, припадниците на посилниот пол, се најсреќни кога ќе наполнат 37 години, се чувствувале најсреќно во животот кога станале татковци, срцето им затреперува кога ќе се сетат на денот на својата венчавка, но и на победата на клубот за кој навиваат.rnrnКога мажите се чувствуваат најсреќно?rnrnВо својата 37-ма година, просечниот маж се чувствува најдобро, затоа што создал семејство и круг на пријатели со кои ужива. Според  43% од нив, најсреќен момент во животот им бил денот кога се родило нивното дете, за 35% најубав момент била нивната венчавка, додека пак 18% од нив, признаваат дека најсреќни биле во моментот кога нивниот тим освоил некоја важна титула.rnrnОсвен искуствата кои го промениле нивниот живот, на мажите секојдневно може да им измами насмевка на лицето омилената храна, нова облека или некој гаџет, дружењето со пријателите, пиењето кафе, вечера-изненадување од нивната најдрага, слободното време за читање вести и добриот постигнат резултат на видеоигрите.rnrnВо 37-та година, мажите се доволно млади за да не ги измачува некој сериозен здравствен проблем, а се доволно стари за да имаат изградено самодоверба и да стекнат углед и почит на работа и во друштвото. Поради тоа, ова е најсреќниот период од нивниот живот – објаснува Филип Ходсон од Британската асоцијација за советување и психотерапија.rn

Топ 7 најсреќни моменти според мажите:

rn1. Раѓањето на првото детеrnrn2. Стапување во бракrnrn3. Победата на омилениот клуб и освојување титулаrnrn4. Купување куќа или станrnrn5. Денот кога ја запросиле својата партнеркаrnrn6. Завршувањето средно училиште или факултетrnrn7. Купување нов автомобилrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.