Веќе се знае утринската рутина на поголемиот дел жени – будење, миење, туширање, миење на забите, нанесување крема, шминкање… Па дури потоа следуваат појадокот и кафето! Но, во целата таа фрка и паника, постои една ситна навика која никогаш не ја прескокнуваме, а која всушност не се наоѓа на списокот на посакувани утрински навики.rnrn
rnrnИако уште како девојчиња нѐ учеа дека чешлањето е клучна навика која треба да се применува секое утро, сепак фризерите го тврдат спротивното! Всушност, тие велат дека оваа мала навика ја оштетува и слабее нашата коса, и дека би требало да ја избегнуваме.rn
„Чешлањето води до пукање на влакната и до механички оштетувања. Косата би требало да ја исчешлате со помош на прстите, а со самото тоа и ќе ја размрсите“, истакнува фризерот Џорџ Нортвуд.
rnИстиот фризер очекува во текот на ноќта вашата коса да ја соберете во блага пунџа која наутро треба да ја распуштите, да ставите малку масло за нега и со помош на прстите да поминете низ неа. Ова ќе ви даде и ефект на разбушавена коса и ќе ви даде малку волумен на вашата фризура.rnrnЕкспертите нагласуваат дека ова нема да направи важна разлика во вашиот изглед, ниту пак ќе бидете бушави, а вашата коса ќе биде поздрава, поотпорна и појака.rnrnПа дами, прескокнете го утринското чешлање! Необичен совет, зарем не?