Според американските педијатари, кравјото млеко, кикириките, јајцата и рибата можат да им се даваат на децата уште од 4-месечна возраст. Причината е што раната изложеност на овие намирници, кои се познати како алергени, можат да спречат несакани алергиски реакции во иднина.rnrn
rnrnДосега важеа правилата дека кравјото млеко им се дава на децата откако ќе наполнат 1 година, јајцата после 2 години, а рибата и кикириките дури после 3 години. Тврдењето на американските педијатари е сосема спротивно од она што досега се применуваше во западната медицина.rnrnЕвропските правила сè уште не се усогласени со американските, а додека не се случи тоа, лекарите ќе се придржуваат до досегашните правила. Европа сигурно ќе ги промени правилата, но нема да ги примени генерално врз сите пациенти. Ќе се примени индивидуален пристап, со кој ќе се открие што му е навистина потребно на секое дете.rnrnКога ќе се земе предвид препораката за давање на потенцијални алергени на 4-месечни деца, се поставува прашањето дали може толку рано да се знае дали детето има некаква чувствителност на храна. Експертите имаат посебни методи со кои го утврдуваат нивото на ризик кај малите деца, а таму каде што ќе се покаже потреба, децата се праќаат на тестирања кои можат да се изведат уште кога ќе наполнат 1 месец. Па и во најрана возраст, може точно да се одреди каква храна е најдобра за детето.rnrnАлергиските реакции на храна најчесто се јавуваат во почетниот период од животот. Кај децата, покрај алергијата на протеините од кравјо млеко, најчесто се појавува алергија на јајца, кикирики и брашно. Кај децата помлади од 3 години, најчеста е алергијата на протеините од кравјото млеко. Во 80% од случаите, алергијата исчезнува до 5-тата година. Од друга страна, алергијата на кикирики се повлекува во само 20% од случаите.rnrnПогледнете и кои видови здрава храна не смеете да им ги давате на децата.
Нови правила: Кикирики, риба и јајца можат да им се даваат и на 4-месечни деца
