Кога сте во вашите 20-ти години, веројатноста е дека сѐ уште се пронаоѓате себеси и не знаете точно кои сте и што сакате. Мислите дека кога ќе стигнете до вашите 30-ти сѐ ќе ви биде јасно, но според многу 30-годишни луѓе тоа е далеку од вистината. Сепак, ќе имате научено неколку работи кои ќе ви помогнат да останете самоуверени и смирени. Доколку се ближи вашиот 30-ти роденден, погледнете со кои работи би требало да се збогувате и од што треба целосно да се ослободите за да можете нормално да функционирате и да го извлечете најдоброто од себе…rnrn
rn
Помалку од 7 часа спиење
rn7-те или 8-те часа непрекинат сон не само што се едно од најголемите животни задоволство, туку се и една од најголемите човечки потреби. Секако дека тешко ќе можете ова секогаш да го остварите во реалноста, но знајте кога треба да ја напуштите забавата и не останувајте по дискотеки и барови подоцна од 2 часот наутро. Досега би требало да знаете дека шестиот коктел не носи ништо добро.rn
Идејата дека постојат вистински возрасни
rnНе постојат вистински возрасни. Можеби така ни изгледа на сите, но вистината е дека никој не знае што значи да се биде возрасен и како би требало еден возрасен да се однесува. Сите едноставно се препуштаат на текот на настаните, само што некои го прават тоа посамоуверено од останатите.rn
Потребата да се претопите во толпата
rnКога ќе стигнете до вашите 30-ти, ќе сфатите дека не е толку важно дали припаѓате во одредена општествена група и дали ве прифаќаат другите. Нема да се обидувате очајно да се вклопите. Ќе сакате да бидете само со вашите блиски, оние кои го извлекуваат најдоброто од вас и нема да имате потреба да ги импресионирате сите луѓе на планетава.rn
Потребата постојано да одговарате потврдно
rnВо ред е да се помага, но досега би требало да имате научено да кажете „Не“. Границите се поставуваат за да се заштите себеси, а не да се оттуѓите од другите. Понекогаш треба да одбиете нечие барање, но треба да внимавате тоа да го направите на учтив начин.rnrn
rn
Потребата да се извинувате дури и кога не сте направиле ништо погрешно
rnМногумина сакаат што е можно поефикасно да ги одбегнат потенцијалните конфликти и поради тоа тие се во состојба да се извинат за проблеми кои не настанале по нивна вина. Нормално е луѓето да се вознемират и налутат понекогаш. Не треба да се извинувате само затоа што ви е непријатно, тоа воопшто нема да ѝ помогне на вашата самодоверба.rn
Грижата за материјални работи
rnОрганизирате забава, а вие сте преокупирани со тоа куќата да блеска и веднаш се вознемирувате доколку некој ја допре скапоцената порцеланска вазна од страв да не се скрши. На крајот на краиштата, воопшто нема да се сеќавате како била поставена масата или дали бил извалкан тепихот. Најважно е друштвото и тоа да си поминете убаво.rn
Негрижата за вашата заштеда
rnВистината е дека вашето патување од соништата никогаш нема да се случи ако немате заштедено доволно пари. Морате да почнете да мислите на вашите финансии, бидејќи не знаете кога ќе излезат непредвидени трошоци за кои секогаш треба да бидете подготвени.rn
Некажани работи
rnТешкиот разговор е подобар од животот полн со недоразбирања и презир, само поради тоа што некои работи никогаш не биле кажани. Соочете се со луѓето со кои имате нешто недовршено и инсистирајте на отворен разговор. Ќе се чувствувате многу подобро откако ќе го изговорите на глас сето она што сте го чувале во себе.