КАФЕ ПАУЗА

Камилицата е одличен лек против грчеви и болки, а благотворно влијае и врз кожата!

Камилицата е одличен лек против грчеви и болки, а благотворно влијае и врз кожата!

Кога мумијата на египетскиот фараон Рамзес II била префрлена од Египет во Париз, научниците кои го анализирале примерокот од ткиво идентификувале траги од камилица, билка која се користела во процесот на мумификација.rnrnКамилицата е одличен лек против грчеви и болки, а благотворно влијае и врз кожата!rnrnЕгипќаните добро ги знаеле лековитите својства на камилицата, особено во случај на болест која ја нарекувале ага, за која денешните истражувачи веруваат дека е форма на маларија.rnrnОсвен во Египет, камилицата ја користеле за здравје, но и за козметички цели луѓето во античка Индија, но и Старите Грци, Римјаните, Викинзите…rnrnКамилицата денес ја користиме како одличен лек против грчеви и болки, а може да се дава и на мали деца, особено кога станува збор за грчеви кај бебињата, при што концентрацијата треба да биде помала и да се користи само четвртина лажичка кафе на два децилитри зовриена вода.rnrnКамилицата помага и при менструални грчеви, а ова време е идеално за берење камилица. Цветовите на камилицата мора да се берат внимателно.rnrnСе берат само цветовите, а потоа тие се сушат на сенка. Сушени, се чуваат во тегла или хартиени кеси.rnrnМаслото од камилица е особено лековито. Серумот од масло од камилица е направен од есенцијално масло од камилица. Додадете две капки есенцијално масло од камилица на 15 милилитри бадемово масло и ќе добиете ефикасен серум за нега на кожата околу очите.rnrnОвој серум е одлично средство против темни кругови и брчки, првите знаци на стареење. Покрај тоа, препаратите на база на камилица се особено препорачливи за лицата со чувствителна и проблематична кожа бидејќи делува благотворно. Освен за кожа, камилицата се користи и во препарати за нега на заби, непца и коса со оглед на тоа дека е богата со витамини Б2, Б3, калциум, железо, селен и цинк.rnrnКога станува збор за чајот од камилица, важно е да се спомене дека не треба да се вари, туку да се направи со преливање зовриена вода и доволно е да отстои 15 до 20 минути, не повеќе.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од камилицата, можеби ќе сакате да прочитате и за несаканите ефекти од чајот од камилица.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs