Лоцирана во Роцано, Италија, како дел од шопинг центарот Fiordaliso, оваа градина неодамна влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема вертикална градина во светот.Со површина од 1.263 метри квадратни и 44.000 видови растенија, оваа масивна градина го надмина претходниот рекордер – вертикална градина во Мадрид, која зафаќа површина од 844 метри квадратни.Таа е дизајнирана во 2010 година од страна на архитектот Франческо Болани, кој вели дека им била потребна цела година за да ги израснат растенијата во оранжерија и 90 дена за да ја изградат фасадата.Изградбата на оваа прекрасна градина чинела околу 1,3 милиони долари. Прекрасна е зарем не?!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
