Се сеќавате ли на времето кога со часови игравте во природа или во парк, собиравте камчиња и се враќавте дома со полни џебови? Собирањето камчиња не е само занимација што ќе го пополни слободното време во текот на летниот распуст, туку и активност што влијае на многу аспекти на развојот на детето. Погледнете кои се придобивките од оваа активност.rnrn
rn
1. Намалување на престојот пред екраните
rnДенешните деца почнуваат да играат на таблети и на мобилни телефони уште од неколкугодишна возраст, па на родителите им останува да му понудат на своето дете можност за намален престој пред екраните.rnrnОддалечувањето од екранот не само што ќе има корисен ефект врз спиењето на детето, врз зачувувањето на видот и врз целокупното физичкото здравје, туку директниот контакт со природата може да влијае и на развивањето љубов кон околината и грижа за неа. Децата кои допираат растенија, камења, животни, трева и слично, прераснуваат во луѓе кои се грижат за природата.rn
2. Развивање вештини за истражување
rnБез разлика дали сте на плажа, покрај езерото или во парк, можете да побарате од вашето дете да бара различни форми на камчиња. На пример, може да бара само одредени геометриски форми или само камчиња со одредена боја.rnrnВаквото насочување ќе влијае на неговиот развој на способноста за истражување. Тоа ќе научи како да ги поврзе добиените упатства со извршувањето на задачата, а тоа значително ќе му помогне подоцна во животот, особено во деловното опкружување.rn
3. Развивање повеќекратна интелигенцијата
rnУште од создавањето на првиот тест за интелигенција во 1904 година, интелигенцијата се поврзувала исклучиво со постигнатиот успех во училиштето. Но, тие тестови не го земале предвид широкиот опсег на други способности што ги имаат луѓето, како и влијанието на културата.rnrnТака се појавила теоријата на повеќекратна интелигенција, според која има осум видови интелигенција, а во последните неколку години е додадена и деветта. Сите тие се меѓусебно поврзани и неопходни за продуктивно дејствување во општеството.rnrnСите тие видови се веќе вградени во нас, но треба да го поттикнеме нивниот понатамошен развој за да откриеме во што сме најдобри. Токму тука родителите имаат клучна улога.rnrnИмено, кога децата си играат со камчиња, се развиваат натуралистичката, просторната и телесно-кинестетичка интелигенција. Натуралистичката, како што кажува и самото име, е поврзана со природата и со разликувањето на нејзините делови. Едноставната игра, собирањето и барањето камчиња ќе го поттикнат развојот на интелигенцијата.rn
4. Поттикнување на креативноста
rnОткако ќе се соберат камчињата, ќе дојде до израз и развојот на креативноста на детето. На пример, со помош на лепило и боја (под надзор на возрасни), детето може да направи мали скулптури, животински ликови, па дури и цели приказни.rnrnНа овој начин, детето ќе ја развие креативноста, но и јазичниот израз, а за него сето тоа ќе биде игра што ќе ја памети.rn
5. Учење за игрите што некогаш се играле
rnОва е можност да му покажете на вашето дете како игравте вие додека бевте мали. Ако можете, вклучете ги бабите и дедовците во играта, така што и тие ќе можат да им ги покажат игрите на коишто се сеќаваат од своето детство. Освен тоа, ова е одлична можност целото семејство да се поврзе, а најдобриот дел е што камчињата се целосно бесплатни и лесно достапни.rnrnПрочитајте кои 8 методи на воспитување ги користат родителите на успешните деца.